13:06 - 12 јули, 2026

Корисни совети: Како да го исчистите загореното дно од тавите и упорните дамки на алиштата

Австралиската креаторка на содржина Лин споделува практични совети за одржување на домот кои редовно ги испробуваат нејзините следбеници во сопствените домови.

Лин во кујната особено често користи сода бикарбона. Кај изгорени тави препорачува дното да се посипе со сода, да се додадат неколку капки детергент за садови и да се остави смесата да ги омекне загорените остатоци од храна пред чистење.

Меѓу нејзините најпопуларни трикови е и користењето алкохолен оцет во машината за садови. Наместо класично средство за плакнење, истура оцет кој помага во намалување на трагите од бигор и дамките од вода на чашите. Во корпата за прибор за јадење притоа додава и згрчена топка алуминиумска фолија, за која тврди дека му го враќа сјајот на приборот. Многу од нејзините следбеници потврдуваат дека трикот функционира, иако резултатот може да зависи од видот на металот и неговата состојба.

Сода бикарбона често се појавува и во нејзините совети за одржување теписи. За одредени дамки ја меша со вода за да добие густа паста, додека за освежување на теписите едноставно ја посипува површината со сода бикарбона пред да чисти со правосмукалка за да ги впие непријатните мириси.

Сличен пристап користи и при одржување на машината за перење. Понекогаш пушта празен циклус со додавање оцет за да ги отстрани непријатните мириси и дел од наслагите што се собираат со текот на времето во внатрешноста на уредот.

Неодамна сподели и водич за отстранување на некои од најчестите дамки на облека. Кај масни дамки советува најпрво вишокот масло да се впие со чиста крпа или хартиена салфетка, а потоа дамката обилно да се посипе со сода бикарбона. По 15 до 30 минути содата се отстранува, а облеката се пере според упатствата на производителот. Ако трагите останат, препорачува преку дамката да се стави хартија за печење и неколку секунди нежно да се помине со топла пегла за преостанатата маснотија полесно да се пренесе на хартијата.

За дамки од крема за сончање користи раствор составен од еден дел бел оцет и два дела вода. Извалканиот дел од ткаенината треба да се натопи околу половина час, потоа нежно да се истриe или да се исчетка со мека четка, добро да се исплакне со ладна вода и да се испере.

Интересно е што меѓу нејзините омилени помагала повторно се појавува и обичната бела пена за бричење. Овојпат ја користи за отстранување траги од шминка од облека. Ја нанесува директно на дамката, ја остава пет до десет минути, нежно ја втрива во ткаенината и потоа ја испира со ладна вода пред перење. Таа тврди дека така полесно се отстрануваат масла, восоци и пигменти кои често се наоѓаат во декоративната козметика.

 

Слични објави

(Фото) Покрај фармата за свињи, Вељко Ражнатовиќ покажа што друго одгледува во Тител

Еспресо

Ана Николиќ откри како успеала да ослабе дури 50 килограми по бременоста

Т.Ц.

(Фото) Познатата холивудска актерка пристигна во Хрватска, позирала боса пред водопадот на Крка

Еспресо

Француски колач со јогурт – рецепт што им успева и на почетниците

Т.Ц.

Здравко Чолиќ откри со која девојка ја имал првата посериозна врска: „Тоа беше симпатија на прв поглед“

Т.Ц.

Хороскоп за 12 јули: Ракови, некој сака да ве претстави во негативно светло

Еспресо
Се вчитува....