31.3 C
Скопје
12:57 - 21 јуни, 2026

Бојан Илиевски е победник на 19. сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Македонецот Бојан Илиевски е победник на најновата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ за 2025/2026 година. Тој вчеравечер, во големото финале, ја освои најголемата поддршка од публиката со повеќе од 50 илјади СМС пораки, и ѝ ја донесе на Македонија четвртата победа во еден од најпопуларните регионални музички натпревари.

Дваесет и петгодишниот пејач, во текот на целата сезона беше меѓу најзабележителните кандидати, а неговите настапи беа под раководство на рокерот Ѓорѓе Давид. За Илиевски оваа награда е огромно признание за музичкиот талент кој го поседува и голем чекор кон најголемиот успех во карирата.

Оваа победа на Илиевски е уште еден доказ дека нашата земја има исклучителни музички таленти кои бележат големи успеси на регионалната сцена. Бојан стана четвртиот Македонец што успеал да стигне до самиот врв на „Ѕвездите на Гранд“, продолжувајќи ја успешната традиција на нашите претставници во Белград.

Како се градеше македонскиот пат до регионалниот трон

Првата победа на наш претставник во ова регионално музичко натпреварување датира од 2017 година, кога Ристе Ристески стана првиот Македонец што ја освои титулата по гласови од публиката. Неговот успех го трасираше патот на идните генерации кои сакаа да направат кариера надвор од нашите гранци.

По него, нашите кандидати во овој музички формат често котираа на високите позиции. Во 2019 година всисокото трето место го зазеде Огнен Здравковски, а во 2023 година следуваше уште еден голем и успех за земјава.

Тогаш младата Славица Ангелова стана првата Македонка што победила во „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ги симпатиите на гледачите низ целиот Балкан со својот моќен вокал и впечатливи настапи.

Продолжување на шампионската низа

Победичката низа на нашите музички артисти продолжи со уште позабрзано темпо и во 2025 година, кога Никола Станишиќ под менторство на Цеца Ражнатовиќ се искачи на првото место со убедливо водство, освојувајќи огромна поддршка од гласачите и носејќи ја тогаш третата победа во Македонија.

Вчеравечер, Македонија по четврти пат докажа дека има таленти кои се миленици на ова големо регионално музичко шоу. Триумфот на Илиевски, уште еднаш покажа дека Македонија останува една од најуспешните земји кога станува збор за создавање музички таленти способни да се натпреваруваат и победуваат на најголемите регионални сцени. Четири победи, четири различни приказни и уште една голема причина за гордост на македонската музичка сцена.

 

Слични објави

Снежана Ѓуришиќ искрена за „Ѕвездите на Гранд“ — многу сум образована и не го брукам својот народ

apostolova

Дневен хороскоп за 21 јуни: Пред вас е ден полн со предизвици, бидете внимтелни

apostolova

„Мојата мајка не ни дозволуваше да носиме црно…“: Гога Секулиќ си ја отвори душата за големата загуба

Еспресо

(Фото) Бил на Калемeгдан: Рики Мартин покажа како си поминал во Белград и Пула

Еспресо

Вашата љубовна приказна заслужува магичен почеток – „Magic moments“ за свадба од соништата

apostolova

Готвачка откри што најмногу сака да јаде Здравко Чолиќ: Уживал во домашно готвени јадења

Еспресо
Се вчитува....