15:43 - 12 ноември, 2026

„Најгорда сум на светот“: Јована Јеремиќ влезе во рингот кај Тигарот и му посвети емотивна порака

Популарната српска водителка Јована Јеремиќ јавно му ја честиташе новата голема победа на својот партнер, кик-боксерот Милош Стојановиќ – Тигар. Таа не ги криеше емоциите и гордоста поради неговиот голем успех во рингот, па веднаш се огласи на социјалните мрежи со длабока и емотивна порака.

Јована истакна дека неговиот триумф е резултат на огромна жртва, работа, дисциплина и одрекување, додавајќи дека е бескрајно благодарна што го запознала токму него.

„Мојот татко да беше жив, ќе ти беше благодарен што ме спаси“

Во својата објава, водителката откри колку партнерот и значи во животот, па во емотивниот говор ги спомена и нивните починати татковци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Informer.rs (@informernovine)

„Љубов моја, шампионе мој, не постојат зборови со кои би ја опишала вечерашнава среќа. Победата е само резултат на твојата жртва. Ти си тигар – неуништлив и нескршлив. Горда сум на тебе што си свој, што имаш свој идентитет и интегритет, што си дисциплиниран и што си мој шампион. Сигурна сум дека и твојот татко, но и мојот, ноќва беа горди и те гледаа од горе. Мојот татко, да беше жив, ќе ти беше благодарен што ме спаси“, напиша Јована.

Фотографии директно од рингот

Јована порача дека доколку не го сретнела него, ќе живеела во заблуда за тоа што всушност претставува „добриот машки род“ и ќе се соочувала со разочарувања како многу други жени. Таа му се заблагодари што ја сака на начинот на кој таа заслужува, нагласувајќи дека се чувствува како најсаканата и најгордата жена.

Покрај емотивниот текст, водителката сподели и неколку фотографии на кои позира во рингот веднаш до својот избранник по завршувањето на мечот, со победничкиот пехар во рацете.

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....