13.8 C
Скопје
14:07 - 17 март, 2026

Колку заработила Мараја Кери благодарение на „All I Want For Christmas Is You“

мараја кери

Мараја Кери добива огромни суми пари секоја божиќна сезона за нејзиниот хит „All I Want For Christmas Is You“, а според „Business Insider“, пејачката заработила вкупно 60 милиони долари за песната, со што синглот секоја божиќна сезона ѝ носи дополнителни милион долари.

Кери била коавтор и копродуцент на песната со Волтер Афансиф (светски познатиот продуцент кој стои и зад песната на Селин Дион „My Heart Will Go On“) за нејзиниот четврти студиски албум и првиот празничен албум „Merry Christmas“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

Наводно, дуото ја напишале и продуцирале песната за само 15 минути. Песната за првпат одекна во етерот во 1994 година и стана број еден божиќен хит.

Извештајот на „Business Insider“ од 2018 година проценува дека Кери заработила повеќе од 60 милиони долари од оваа песна. Според „Celebrity Net Worth“, песната заработува помеѓу 600.000 и 1 милион долари секоја година.

„All I Want for Christmas Is You“ е најголемиот меѓународен хит на Мараја Кери, кој беше на врвот на топ листите во дваесет и шест земји.

Во 2019 година, песната за првпат се најде на врвот на листата на Билборд за најдобрите 100 песни, дури 25 години по нејзиното објавување, соборувајќи го светскиот рекорд за најдолг пат до број еден. Во 2020 година, песната го достигна првото место во Велика Британија за првпат, откако помина рекордни 69 недели меѓу најдобрите 40.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey)

Тоа е најпродаваниот божиќен сингл на уметник и една од најпродаваните песни во музичката историја, со вкупна проценета продажба од повеќе од 16 милиони копии.

Кери заработила вкупно 520 милиони долари за време на нејзината 33-годишна кариера.

Слични објави

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin
Се вчитува....