6.8 C
Скопје
17:07 - 18 декември, 2024

Која е Наташа Пирц Мусар, првата жена претседател на Словенија: Адвокатката без политичко искуство ќе се залага сите земји од Западен Балкан што поскоро да влезат во ЕУ

Наташа Пирц Мусар, која во вториот круг од претседателските избори го победи Анже Логар, ќе биде првата жена на функцијата претседател на Словенија. Поранешната новинарка и службеник за информирање ја презема највисоката политичка функција во земјата како адвокатка без политичко искуство, посветена на либералните вредности и заштитата на човековите права.

54-годишната Наташа Пирц Мусар прва меѓу кандидатите ја објави својата кандидатура, а потоа ги собра потписите на гласачите за да ја поднесе. Истовремено, таа постојано потенцираше дека никогаш не била член на ниту една политичка партија, но дека како претседател ќе се залага за човекови права и владеење на правото.

Меѓу клучните приоритети ја наведува координацијата на решенијата во четири области за кои смета дека се клучни за развојот и за социјалната кохезија на државата. Тоа се здравствените и пензиските реформи, климатската неутралност и обезбедување сеопфатна безбедност. Во исто време, таа смета дека е од суштинско значење да се одржуваат и спроведуваат добри политики и проекти дури и кога се менува владата, пренесува словенечки „24 ур“.

Таа нагласува дека како претседател нема да молчи и дека нејзиниот глас секогаш ќе биде глас за народот, бидејќи како активен граѓанин има одговорност да се изјасни и да ја предупреди јавноста кога станува збор за „прекршување на човекови права, кога говорот на омраза преовладува над говорот на почитување, кога се прекршуваат уставот и законите, кога државата на благосостојба пропаѓа и крилата на демократијата се сечат“.

Во надворешната политика, според најавите, ќе се залага сите земји од Западен Балкан што поскоро да влезат во ЕУ. При решавањето на граничното прашање со Хрватска ќе инсистира на извршување на арбитражна одлука, во неа се предвидува продолжување на постоечките надворешнополитички стратегии за Брдо-Бриони, кои ги започна актуелниот претседател Борут Пахор.

Како претседателка, не би помилувала никого што ќе изврши сексуално или крвно злосторство. Таа непоколебливо го поддржува правото на жените слободно да одлучуваат за раѓањето деца, а се радува и на одлуката на Уставниот суд во однос на Семејниот закон, и ја поддржува можноста за посвојување деца за истополови партнери.

Во нејзината кандидатура, таа беше поддржана од неколку истакнати личности од различни сфери на општеството, меѓу кои и поранешните претседатели на републиката, Милан Кучан и Данило Турк.

За време на кампањата, Пирц Мусар неколку пати мораше да ги негира критичарите за нејзиниот имот и имотот на нејзиниот сопруг Алеш Мусар. Им одговори со тврдење дека таа и нејзиниот сопруг целиот имот го стекнале со сопствена работа и на легален начин. Постојано тврдеше дека компаниите поврзани со неа и нејзиниот сопруг работат легално, ги плаќаат сите даноци во Словенија и се општествено одговорни. Аферите на нејзиниот сопруг беа и најтешкото прашање со кое мораше да се справи во кампањата, призна таа.

Пирц Мусар својата професионална кариера ја започна како новинарка и водителка во Телевизија Словенија, а продолжи во ТВ ПОП. По напуштањето на новинарството, кратко време работи како раководител на секторот за корпоративна комуникација во компанијата Актива Груп, а во јули 2004 година, на предлог на тогашниот претседател на Републиката, Јанез Дрновшек, Собранието ја избра како овластен службеник за пристап до информации од јавен карактер. Оваа функција ја извршуваше два мандати и, како што изјави, тоа беше нејзината омилена позиција досега. Од 2014 година работи во адвокатската канцеларија што ја основала. Меѓу другото, таа ја застапуваше поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, во заштитата на нејзиниот заштитен знак во Словенија.

Докторката по правни науки е родена на 9 мај 1968 година, а детството го поминала во Камник. По завршувањето на средното образование избрала да студира право и го завршила во 1992 година, а во 1997 година положила и правосуден испит. Во ноември 2015 година докторирала на Правниот факултет во Виена.

Таа е мајка на син -студент, а со семејството живее во Радомље. Отсекогаш била активна спортистка, некогаш и ракометарка, но денес се занимава со куглање, во што е и повеќекратен државен шампион. Сака и да вози мотор, да сади во градината, да готви, да игра карти и да чита. Нејзин политички модел е поранешната ирска претседателка Мери Робинсон, а кога ќе се најде во дилема, за совет му се обраќа на сопругот Алеш Мусар, кој со нејзиниот избор ќе стане првиот сопружник на претседателка во историјата на Словенија. .

 

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....