20:59 - 18 април, 2024

Која е Ен Лесли Смит, „последната љубов“ на Руперд Мардок: „Го чекав вистинското време“

Официјално е: медиумскиот магнат Руперт Мардок, на 92 години ќе се ожени по петти пат со Ен Лесли Смит (66), најновата љубов која ја запозна во септември 2022 година. Веста дојде од страниците на New York Post, еден од весниците во сопственост од милијардерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tunde Omole (@okiki_entertainment1)

„Се плашев да не се заљубам – рече тој во едно интервју – но ова ќе биде последно. Среќен сум“.

Г-дин Мардок, кој има шест деца од неговите први три брака, додаде: „Едвај чекаме да ја поминеме втората половина од животот заедно“.

Зборувајќи за New York Post, Смит рече за нивната врска: „За нас двајцата тоа е дар од Бога. Се запознавме минатиот септември.

„Вдовица сум 14 години. Како и Руперт, мојот сопруг беше бизнисмен. Работел за локални весници, развивал радио и ТВ станици и помогнал да се промовира Univision. Затоа го зборувам јазикот на Руперт. Ги делиме истите верувања“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JB Lamadrid (@newslink7com)

„Да се дојде блиску до 70 значи да се биде во последното полувреме. Го чекав вистинското време. Пријателите се среќни за мене“.

Инаку, таа пред да биде мажена со Честер Смит, имала уште еден брак, со успешен бизнисмен за кого се знае само дека се вика Џон.

Предлог за брак до Ен Лесли Смит

Средбата на Мардок со г-ѓа Смит, поранешна моделка, радио-новинарка и пејачка, се случи во Калифорнија. Таа, вдовица на американскиот кантри пејач Честер Смит, кој почина во 2008 година, тој пак, неодамна се разведе од својата четврта сопруга Џери Хол, поранешна партнерка на Мик Џегер. Љубовта на прв поглед продолжи со Божиќ поминат заедно во домот на Мардок во Лондон, а потоа следуваше одмор на Барбадос, во домот на милијардерот Ентони Бамфорд, каде парот за прв пат беше фотографиран од папараците рака под рака. Предлогот за брак дојде на денот на Свети Патрик, а церемонијата е закажана за крајот на летото 2023 година.

Развод од Џери Хол

На Мардок не му требаше долго време да се опорави од крајот на врската со поранешниот супермодел Џери Хол (65). Двајцата, кои се венчаа во 2016 година, беа во брак шест години. За неа тоа беше прв брак бидејќи никогаш официјално не се венчала со фронтменот на Ролинг Стоунс и покрај раѓањето на четири деца. По почетниот момент на напнатост, поради 16-те милијарди наследство што требаше да се подели, Мардок и Хол се разделија без премногу несогласувања. „Ние остануваме добри пријатели“, изјавија тие за печатот.

Останатите три сопруги

Руперт Мардок е татко на шест деца, со три претходни сопруги. Со првата, Патриша Букер, со која тајкунот беше во брак од 1956 до 1967 година, ја доби најстарата ќерка Пруденс, која сега има 65 години. Во 1967 година, вториот брак го склучи со Ана Торв, новинарка во тоа време вработена во весникот во негова сопственост The Daily Mirror. Од оваа заедница се родени Елизабет (55), Лахлан (52) и Џејмс (51). Разводот од Торв и исплатата во нејзина корист од 1,2 милијарди долари дојде во 1999 година. Три дена подоцна, се случи и третиот брак, со Венди Денг , тогаш таа имаше само 30 години, а од која се разведе во 2013 година. Со неа, Мардок има две ќерки: Грејс, сега 22 и Клои, 20.

Нето вредноста на Смит не е позната. Од друга страна, Руперт Мардок заклучно со март 2022 година има проценета нето вредност од 21,7 милијарди американски долари.

 

Слични објави

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ објави приватна преписка со нејзиниот татко! Овие зборови нема никого да остават рамнодушен

Еспресо
Се вчитува....