-3.2 C
Скопје
21:10 - 22 декември, 2024

Кој е Шарл Мишел, најмладиот екс министер во историјата на Белгија; која жена стои зад него – „првата дама“ на Европскиот совет

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска ќе престојува во Скопје во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка.

Кој е Шарл Мишел? Претседателот на Европскиот совет на 25 години стана најмладиот министер во историјата на Белгија.

Шарл Мишел е белгиски (валонски) политичар кој беше премиер на неговата земја пред да се повлече за да ја преземе улогата на претседател на Европскиот совет. Но, кој е Шарл Мишел?

Шарл Ив Жан Гизлен Мишел е роден на 21 декември 1972 година во Намур, Белгија. Беше премиер на својата земја од 2014 до 2019 година, претходно и претседател на Движењето за реформи (од 2011 до 2014 година). Од декември 2019 година ја извршува функцијата претседател на Европскиот совет.

Израснат во семејство од Фландрија (северниот дел на Белгија во кој се зборува холандски ), родителите се занимавале со политика па речиси било природно Мишел последователно да се интересира за политичката средина. Студирал право на Слободниот универзитет во Брисел. Подоцна специјализирал на Универзитетот во Амстердам. Своето деби на локалната политичка сцена го направил на изборите за Сојузниот Пратенички дом во 1999 година. Една година подоцна бил назначен за министер за внатрешни работи во владата на Валонија, што го прави, на 25 години, најмладиот министер во историјата на Белгија.

Мишел беше и градски советник, како и градоначалник на Вавр во 2006 година. Следната година ја доби улогата на белгиски министер за развојна соработка во владата на Верхофштат, а подоцна и во владите на Летерм, Ван Ромпуј  и повторно на Летерм, а на 11 октомври пристигна номинирањето за премиер на Белгија.

Неговиот мандат како премиер заврши на 27 октомври 2019 година, денот кога тој беше наследен од Софи Вилмес. На 2 јули 2019 година, по долга дебата спроведена на три различни состаноци, од кои последниот траеше три дена, Мишел беше избран за претседател на Европскиот совет. Тој ја презеде функцијата на крајот на мандатот на неговиот претходник, Полјакот Доналд Туск, на 1 декември 2019 година. Шефовите на држави и влади на еврозоната исто така го избраа, во исто време, за претседател на Евро самитот.

Шарл Мишел има три деца. Две девојки – Жана и Луси, од неговата сегашна сопруга Амели Дербаудренгиен, додека синот е роден од претходната врска.

И сопругата на Шарл, Амели, е со години дел од политичкиот свет, иако ѝ припаѓа на администрацијата. Дипломирала политички науки и меѓународни односи, таа е ќерка на професори, а зборува португалски, англиски, холандски и француски јазик. Работела во Агенцијата за развој, потоа во кабинетот на Арман Де Декер (поранешен министер за развојна соработка), а сега работи во кабинетот на министерката за надворешни работи Софи Вилмес, како советничка. Вилмес е полна со пофалби за работата на Амели: „Таа е фина и интелигентна личност, лесно воспоставува контакти. Успева да го спои и приватниот и професионалниот живот. Кога доцнат состаноците, често ја гледаме нејзината ќерка Жана во канцеларија, таа оди напред-назад до јаслито за да може да ги заврши состаноците“.

Инаку, според францускиот печат, Амели не сака да биде во центарот на вниманието. 35-годишната жена е позната по својата дискретна природа, и „на прсти од едната рака може да се избројат нејзините официјални јавни настапи“ кога нејзиниот сопруг бил премиер. Таа, според француските весници, никогаш не сакала да ја викаат белгиска „прва дама“, „а премиерот уште помалку“. Парот отсекогаш сакал да ја зачува својата приватност. Турнезијка со потекло, таа никогаш не прифаќала интервју за печатот. А Шарл Мишел отсекогаш бил многу дискретен на оваа тема, дотолку што едвај се објави веста за раѓањето на нивната ќерка Жана, во јануари 2016 година.

Двајцата либерали се сретнале кога Шарл Мишел станал министер за развојна соработка во 2007 година. „Таа е сестрано талентирана. Извршила неколку мисии во Камбоџа, Бразил и студирала во Англија. Таа зборува португалски, англиски, холандски и француски“, беше објаснето тогаш во медиумите.

Пратеникот Ричард Милер своевремено рече: „Никогаш не сум слушнал негативна критика за Амели. Често се случува соработниците да се сомневаат во сопругата на премиерот. Воопшто не е случај со неа. Софи Вилмес ја опишува како „независна“, а нејзиниот претходник во финасиите, Ерве Џамар, уверува дека во секојдневниот живот на минситерството „за малку ќе заборавевме дека таа е партнерка на Шарл Мишел“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tristan Bromet (@tbromet)

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....