16.8 C
Скопје
08:27 - 8 мај, 2024

Кој е Лук Блек, претставникот на Србија на Евровизија: Живее во Лондон, соработува со Констракта, од млад компонира музика, а домашен миленик му е јастогот

Лук Блек синоќа ги воодушеви сите и победи на натпреварот „Песна на Евровизија“ на Србија, а доби можност да ја претставува Србија овој мај во Ливерпул со неговата песна „Само ми се спава“.

Овој млад човек привлече големо внимание кај луѓето ширум Србија, но и во регионот, но сепак малкумина знаат кој е тој.

Лук се занимава со авторска музика од 2005 година, на 12 години почнал да пишува текстови, а четири години подоцна да компонира музика и да пишува аранжмани. Во тој период снимил шест албуми кои само неговите најблиски пријатели имале можност да ги слушнат.

Две години подоцна се преселил во Белград да студира англиски јазик и литература. Она што го издвојува Лук од останатите натпреварувачи е музиката која апсолутно се разликува од домашните стандарди.

Овој млад уметник веќе шест години живее и работи во Лондон, каде ја создаде песната што ќе ја претставува Србија на Евровизија.

Тој за прв пат се претставил пред јавноста во мај 2014 година, како дел од фестивалот Гроуленд, кога премиерно го изведе синглот D-Generation. Покрај сопствената музика, тој произведува и аудио и режира свои изведби и музички спотови, пренесува српски Курир.

Во потрага по својот уметнички израз, тој експериментира и испробува нови и неочекувани форми и стилови, а со години соработувал со Констракта и Земља грува.

-Денес имам 30 години, а долго време правам музика во мојата спална соба. Се научив на разни работи и почнав да ги пишувам првите песни на 12 или 13 години. Дојдов во Белград од Чачак и почнав да се занимавам повеќе со музика. „Земља грува“ прва ми ја отвори вратата – рече тој во емисијата „Викенд на К1“ и додаде:

– Никој не се интересираше за мојата музика освен Милован од „Земље грува“. Ме научија многу за целата техника, пеење, првпат го слушнаа мојот вокал. Сè ми беше многу чудно. Имав бавен, но темелен процес на учење во музиката. Не се форсирав премногу. Не сум толку сигурен во себе за да се ставам во преден план.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Black (@lukeblackmusic)

Лук освен што е автентичен по музијата, има и автентичен миленик. На неговиот Инстаграм профил има фотографија на која може да се види како шета јастог.

инстаграм

– Мислам дека Изборот за песна на Евровизија се промени во последните години во однос на тоа како јас го доживував. Фестивалот го доживував на таков начин што почувствував дека мора да има потрадиционален звук или девојки кои се пооскудно облечени. Тој некој фах што не ми е близок. Мислев дека не постои такво нешто како концепт, а тој концепт најмногу ме инспирира во создавањето музика. Не можам да кажам дека сум пејач или текстописец, повеќе би рекол дека сум уметник. Затоа мислев дека таму нема место за мене, но откако победи Констракта, тоа е некое мое милје на музичари со кои се чувствував добредојдено, се премислив – рече неодамна Лук.

Лук привлекува внимание и со својот изглед.

Се обидува неговите песни да бидат проследени со автентичен, различен изглед.

 

Слични објави

(Видео) Запомнете го ова име, Марија Спасовска: Има „Минато“ што ветува блескава иднина

еспресо

Колку чини Евровизија: „Солени“ цени се во игра

еспресо

(Фото) Катарина Ивановска го покажа новиот дечко: Манекенката уживаше со него во Италија

Еспресо

„Игра како стриптизерка, како да…“: Српскиот пејач жестоко удри по Теа Таировиќ

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ направи добро дело, па сега мора да оди на суд поради тоа!

Еспресо

Петар Грашо го коментираше доаѓањето на новороденчето: „Нè радува што гледаме колку луѓе се радуваат со нас“

Еспресо
Се вчитува....