1.8 C
Скопје
04:04 - 23 февруари, 2025

КОЈ Е БОБ САГЕТ: Смелиот комичар кој случајно стана многу познат

боб сагет (1)

Роберт Лејн „Боб“ Сагет е смел и директен стенд-ап комичар, телевизиски водител и актер. Студирал глума и во тој период од животот ревносно се борел за својата кариера настапувајќи во разни клубови за стенд-ап каде што се запознал и дружел со многу познати комичари.

ЗБОГУМ БОБ САГЕТ: Комичарот познат како совршениот татко пронајден мртов во хотелска соба

Тоа на крајот било пресудно за тој да ја добие главната улога во серијата „Full House“(„Полна куќа“). Серијата ја следи приказната на Даниел Дени Танер(ликот кој го толкува Сагет), новинар и водител во Сан Франциско. Кога тој останува вдовец, неговиот најдобар пријател Џозеф Џои Гладстон и неговиот зет Џеси Кастополис доаѓаат да му помогнат во растењето на три ќерки – Ди-Џеј, Стефани и Мишел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Candace Cameron Bure (@candacecbure)

Уште со емитувањето на првата епизода во 1987 година, Сагет ја освои американската јавност. А, ја задржа традицијата и во  продолжението „Fuller House“ (Пополна куќа) од 2016 до 2020 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fuller House (@fullerhouse)

Бил Картер, медиумскиот аналитичар на „Си-Ен-Ен“ го нарече актерот „случајно многу познат“.

„Во екот на својата популарност, тој глумеше во „Full House“, која децата во Америка ја гледаа страсно. Сите ја гледавме серијата заедно, а феноменот беше што исто време, тој беше водител и на „Најсмешните домашни видеа на Америка“, вели Бил Картер.

„Боб беше многу пријатен човек. Можеше да го забележиш тоа во разговорот со него. Тој беше топол човек, кој имаше одлична кариера и тоа го заслужуваше!“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bob (@bobsaget)

Во 2014 година, Сагет објави мемоари со неочекуван наслов „Dirty Daddy“(„Непристоен Татко“). Во своите мемоари, тој призна дека приватно е сосема поинаков од совршениот татко на телевизија и дека тој и колегите од серијата често правеле разни неволји на сетот.

Сагет беше водител и на познатото шоу „America’s Funniest Home Videos“ (Најсмешните домашни видеа на Америка) од 1989 до 1997 година.

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....