3.8 C
Скопје
00:52 - 21 декември, 2024

Кој беше Пол Сорвино, актерот што нè напушти бил несуден оперски пејач, три пати женет, и со имот од 10 милиони долари

Познатиот актер Пол Сорвино почина на 26 јули 2022 година во Џексонвил, Флорида, каде што живееше со сопругата (третата сопруга). Смртта наводно настанала од природна причина, но неговата сопруга соопштила дека Сорвино боледувал од дијабетес.

Роден во Њујорк на 13 април 1939 година (под хороскопскиот знак Овен), Пол Сорвино имал италијанско потекло (неговиот татко бил по потекло од Неапол, додека неговата мајка по потекло од Кампобасо). Студирал на Американската музичка и драмска академија со намера да стане оперски пејач, но поради тешката астма никогаш не успеал да го оствари својот сон. Сепак, дипломирал драма и во 1964 година го направил своето деби на Бродвеј во мјузиклот Bajour.

Во 1971 година тој го имаше своето филмско деби со Needle Park (заедно со Ал Пачино), а во 1970-тите беше дел од неколку филмови кои станаа култни, еден пред се Goodfellas. Учествуваше и во ТВ серијата Law & Order (во која ја играше улогата на наредникот Фил Серета) и постигна меѓународен успех со учество во други познати филмски продукции.

Во 2004 година во Рим дуетираше со Бочели по повод церемонијата на доделување награди на Фондацијата Тремагља и исто така учествуваше во мини-серијата Doc West (заедно со Теренс Хил).

Три пати женет

Актерот се женеше три пати: неговата прва сопруга беше психологот Лорејн Дејвис, мајка на неговите три деца Мира (родена во 1967 година), Аманда (родена во 1971 година) и Мајкл (роден во 1977 година).

Од 1991 до 1996 година, актерот беше во брак со Ванеса Арико, а во 2014 година се ожени со Ди Ди Бенки, која беше со него до денот на неговата смрт.

Мира и Мајкл Сорвино тргнаа по стапките на нивниот татко и двајцата се впуштија во актерска кариера.

Имот

Не се знае колкав точно имотот остави зад себе Пол Сорвино. Мултиталентиран американски актер, писател, пејач, минатата година се проценуваше дека „тежи“ 10 милиони долари.

Која е неговата сопруга Ди Ди Бенки – асистентка на Буш

Со оглед што приватниот живот го чувал далеку од очите на јавноста, се знае само дека Ди Ди Бенки, вдовицата на Пол Сорвино, порано работела како асистент на поранешниот американски претседател Џорџ Буш пред да се запознае со актерот.

На 25 јули 2022 година, кога почина Пол Сорвино, таа самата ја објави веста за неговото заминување со трогателна објава преку социјалните мрежи. „Јас сум целосно скршена. Почина љубовта на мојот живот и најубавиот човек што некогаш сум го имала. Срцето ми е скршено“, рече таа во објавата споделена преку социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dee Dee Sorvino (@deedeesorvino)

Занимливости за актерот

– Течно зборуваше италијански.

– Создаде фондација посветена на таквите како него – луѓе кои боледуваат од астма.

– Покрај музиката и глумата, отсекогаш сакал и сликарство и скулптура.

– Беше многу приврзан за своите деца, кои телефонски ги слушал најмалку 3-4 пати неделно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dee Dee Sorvino (@deedeesorvino)

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....