15:33 - 10 ноември, 2026

Бритни Спирс се враќа на голема врата на музичката сцена, со Елтон Џон снимиле хит на летото

Конечно доаѓа денот кој сите фанови на Бритни Спирс, го чекаа. Поп ѕвездата која кариерата ја започна во 1998 година со мега хитот „… Baby One More Time“ се враќа на музиката.

Според Page Six, Бритни е на пат да го направи своето долгоочекувано враќање на музичката сцена, изведувајќи дует со Елтон Џон на неговата историска песна „Tiny Dancer“.

Двајцата се сретнале во студио на Беверли Хилс и снимиле нова верзија на неговата хит класика од 1971 година.

Според извори од Page Six, делото ќе го објави Universal Music следниот месец.

Изворот открива: „Ова беше идеја на Елтон, а Бритни е негова голема обожавателка. Тие снимија ремикс на ‘Tiny Dancer’ како комплетен дует и тоа е неверојатно. Бритни минатата недела беше во студиото на Беверли Хилс со Елтон на супертајната сесија на снимање под надзор на одличниот продуцент Ендрју Ват. Велат ова ќе биде песна на летото. Бритни официјално се врати. Таа се врати на работа и е супер возбудена“.

За Бритни Спирс тоа ќе биде првиот сингл по 6 години. По завршувањето на старателството од татко ѝ и неодамнешниот брак со Сем Асгари, конечно повторно ќе можеме да го слушнеме гласот на поп ѕвездата. Последниве денови можевме да ја слушнеме на Инстаграм, кога ја сподели својата нова верзија на „… Baby One More Time“.

 

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....