4.8 C
Скопје
00:15 - 18 февруари, 2026

Кое е момчето со рапав глас што ќе го наследи Аки во Парни ваљак: Талентиран за повеќе уметности

Омилената група на целиот регион, „Парни ваљак“, официјално објави кој ќе го замени покојниот пејач со препознатлив рапав глас, Аки Рахимовски.

Во најавата за  промоцијата на нивната нова песна, од групата потврдија дека ќе настапуваат со пејачот Игор Дрвенкар.

Но кој е Игор Дрвенкар? Перспективен 31 годишен пејач кој публиката го памети по впечатливите настапи во омилената хрватска емисија „А страна“ (која се емитува на ХТВ).

И Игор е навистина одлична замена за Аки.

И тој како Аки има „рапав“ глас, а во музичките води е од средно училиште кога го имаше својот прв бенд „Откажани лет“, но како официјален почеток го смета освојувањето на Првата награда од публиката и втората награда од жирито на музичкиот фестивал во Михољанац во 2008 година.

Во 2012 година ја доби наградата за најдобар млад кантавтор, а една година подоцна на Рок академијата завршил снимање и продукција на звук.

Настапувал со повеќе бендови во Хрватска.

Настапувал и во театарски претстави, претежно во мјузикли.

Но познат е и по компонирање на театарска музика, и аранжирање, така негова музика е за преставата „Трешњалод“ и „Карло и дјед“.

Од 2015 до 2015 беше фронтмен на бендот Геа, со кој сними авторски албум.

Моментно настапува како соло изведувач, се до објавата на Парни ваљак која многумина многу израдува.

 

Слични објави

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

Еспресо

„Се враќам на оној стариот Дарко“: Пејачот пресече, па откри како навистина живее

Е.А.

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац пристигна во Србија со убавата Доминиканка

Еспресо

Кој е претепаниот син на Снежана Ѓуришиќ? Двапати бил во затвор, девојка му страдала во сообраќајка што ја предизвикал

Еспресо
Се вчитува....