17:35 - 6 ноември, 2026

Ким Кардашијан против Ирина Шајк: „Ми го копира стилот и ги брка моите мажи“

Бизнисменката и реалити ТВ ѕвезда Ким Кардашијан верува дека Ирина Шајк го копира нејзиниот стил и ѝ ги зема љубовниците, пренесува The Sun, повикувајќи се на извор близок до Кардашијан.

инстаграм

„На Ким и е интересно што Ирина се зближи со Канје Вест веднаш откако раскинаа. Штом Ким беше забележана со Том Брејди, Ирина одеднаш почна да излегува со него “, рече инсајдерот.

Изворот за „Сан“ нагласува дека Ким Кардашијан мрази да биде копирана и во стилот и во „бркањето“ мажи.

Во јули се појавија гласини за романсата на Ирина Шајк и Том Брејди. Двојката се запозна на свадбата на милијардерот Џо Нахмад и моделот Медисон Хедрик на Сардинија. Потврда за можна романса беше видеото што го објави Дејли Мејл на 24 јули. Во видеото, Том ја гали по лицето Ирина додека седи во автомобил во близина на домот на еден фудбалер во Калифорнија.

Ирина Шајк е мајка на шестгодишната Леа која ја доби од романсата со актерот Бредли Купер. Парот се раздели во 2019 година по четири годишна љубовна врска.

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....