14:27 - 21 ноември, 2026

Ќерката на Саша Поповиќ се расплака пред камера: „Беше најдобриот татко на светот“

Како што се приближува годишнината од смртта на Саша Поповиќ, неговото семејство и пријателите сè уште тешко се помируваат со загубата. Неговата ќерка Александра Поповиќ првпат јавно проговори за односот со татко ѝ, во документарен филм посветен на неговиот живот и кариера, кој наскоро ќе биде објавен.

Во филмот, видно вознемирена и со солзи во очите, таа рече: „Што да кажам, мене ми беше најдобриот татко на светот“, откривајќи колку блиска била нивната врска. Документарецот носи лични сведоштва и спомени, а во него учествуваат и бројни јавни личности, меѓу кои Јелена Карлеуша, Светлана Цеца Ражнатовиќ, Лепа Брена и Марија Шерифовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prva televizija (@prvatelevizija)

За Поповиќ неодамна зборуваше и хармоникашот Александар Софрониевиќ, кој истакна дека жали што не го послушал додека бил жив. Тој го опиша како искрен и директен човек, без „сива зона“, од кого научил дека во музичкиот бизнис најважно е траењето, постојаниот развој и тоа никогаш да не се заборави од каде се тргнало.

„Жал ми е што не го послушав“, изјави тој за телевизија Гранд.

Документарниот филм ветува поинтимен приказ на човекот кој со години беше една од клучните фигури на регионалната естрада.

Слични објави

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.
Се вчитува....