16.8 C
Скопје
20:15 - 11 октомври, 2026

(Видео) „Јас сум зафатен човек“: Луѓето не можат да поверуваат што објави Стјепан Хаусер, видеото шокираше многумина

Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер објави видео на социјалните мрежи во кое истовремено вежба и свири виолончело – и тоа во море. Видеото го прикажува Хаусер облечен во розова кошула и жолти шорцеви, како седи на воден велосипед. Додека со педалирање го покренува пловилото, тој го држи виолончелото во рацете и ја изведува енергичната бразилска композиција „Tico Tico“.

„Јас сум зафатен човек – морам да свирам виолончело и да вежбам во исто време“, напишал тој и додал дека станува збор за неговиот кардио тренинг „TICO TICO“.

Видеото, кое шокираше многумина, завршува со краток кадар од насмеана русокоса девојка на џет-ски. Под објавата на Хаусер веднаш почнаа да се редат коментари.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAUSER (@hausercello)

Да потсетиме, минатата година во интервју за „Стори“, Хаусер откри, меѓу другото, дали би сакал да се „смири“ и да се ожени.

– Во моментов, кариерата ми е на прво место. Јас сум многу амбициозен, имам многу планови и проекти. Мојата светска турнеја и „Музиката го обединува светот“ (Music Unites the World) сега ми се во фокусот. Никогаш не вели никогаш, но досега не сум ја пронашол вистинската – рекол тој.

На прашањето дали се гледа себеси во улога на татко, тој одговорил: „Еден ден сигурно би сакал да имам деца, но сега тоа е тешко да се замисли со сите обврски и темпото со кое живеам. Сè во свое време“.

 

Слични објави

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо
Се вчитува....