14:05 - 21 ноември, 2026

Ѓина Џиновиќ ја напушти Србија поради ново момче, еве што сѐ прави во Барселона

Ѓина Џиновиќ, ќерка на пејачот Харис Џиновиќ и Мелина Галиќ, одлучи да направи голем чекор во својот живот и да се пресели во Барселона, пишуваат српските медиуми.

Овој потег доаѓа по еден турбулентен период во нејзиниот приватен живот и се однесува и на лични и на емоционални причини.

Нејзините денови сега се исполнети со посети на локални ресторани, трговски центри, играње тенис на ексклузивни терени, како и опуштање на плажите на овој прекрасен крајбрежен град.

– Неодамна се гледаше со еден дечко кој со години живее во Шпанија, и мислеше дека единственото логично решение е да се пресели кај него и да ужива далеку од очите на јавноста – открил извор близок до Џиновиќ.

Како што објавија медиумите, односите меѓу Харис Џиновиќ и Ѓина се уште се затегнати, а нејзиниот потег за преселба во Барселона не беше одобрен од него.

– Ѓина одлучи да се пресели без никаков претходен договор со Харис. Нивните односи не се најдобри уште од неговиот развод од Мелина, а тој ја пречекуваше со незадоволство на секој следен чекор. Ѓина речиси и да не слуша ништо од него откако замина за Шпанија, но не се сомневам дека ќе се смират, на крајот на краиштата, тие се татко и ќерка и јасно е колку се сакаат – додал добро информиран извор.

Слични објави

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.
Се вчитува....