08:51 - 7 ноември, 2026

Ќерката на Саша Поповиќ го прекина молкот со трогателна објава: Заминал во Париз на операција

Наследничката на креативниот директор на „Гранд“ не е активна на социјалните мрежи, но тоа вчера се промени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Popović (@alexx_23p)

Завчера како бомба одекна веста дека Саша Поповиќ, креативниот директор на „Гранд“ продукција, завршил во болница во Белград, откако му се влошила состојбата. Се огласи неговата сопруга Сузана Јовановиќ која истакна дека не може да открие ништо повеќе. Меѓутоа, како што ексклузивно дозна српска Република, Саша моментално се наоѓа во една од најдобрите болници во Париз каде го чека операција.

Саша Поповиќ итно ги повикал децата: Нови информации за здравствената состојба на сопственикот на „Гранд“

– Тој самоиницијативно ја напушти болницата и замина во Париз на понатамошно лекување, да се лекува во една од најдобрите клиники. Тука требаше да биде опериран, но во последен момент реши да замине во Париз – открива за Република извор близок на Поповиќ.

Ќерката на Саша, Александра, не е активна на социјалните мрежи, но вчера имала потреба да сподели атмосфера од домот. Таа се снимила во кревет со своето кученц, померанец, и ја додаде баладата “A Sunday Kind of Love”.

принтскрин

Иако е родена во привилегирано семејство, Александра изненади многумина со изборот на кариера. Таа одлучи да остави два факултети за да ја следи нејзината страст за средување на нокти, а заврши и курс за маникир. Исто така, таа откри уште една страст – за изработка на накит, а сложениот процес на изработка на накит често го прикажува на својот Инстаграм профил. Иако не се знае колку заработува Александра од тоа и дали тоа и е примарен извор на пари, познато е дека татко и ѝ подарил стан во комплексот на Бежанијска коса и еден локал.

Душко Тошиќ донесе голема одлука по разводот со Карлеуша: Поранешниот фудбалер реши да го промени животот од корен

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....