6.8 C
Скопје
17:20 - 18 декември, 2024

Ќерката на Џеј Рамадановски открива зошто не дошла на настанот за татко ѝ: „Не бевме поканети“

Премиерата на филмот „Недела“ за детството и почетокот на кариерата на Џеј Рамадановски се очекува на 6 декември, а пред неколку дена премиерно беше прикажан и најавниот трејлер за овој филм.

Она што ги изненади сите е што никој од семејството на Џеј не се појави на овој настан.

По тој повод, Немања Вујичиќ, репортерот на емисијата „Премиера викенд специјал“ разговараше со Марија Рамадановска, ќерка на познатиот пејач, која ги разреши сите сомнежи за нивното отсуство од настанот.

„Не бевме поканети на тој настан. Не ни знаев кога ќе се случи! Колку што знам, тоа беше  презентација на трејлер само за медиумите. Знаевме дека треба да се организира, но не знаевме кога. Ние сме во контакт со сите од продукцијата на филмот и запознаени сме речиси со сите случувања, па ќе го дадам своето мислење за филмот кога ќе има премиера. Веројатно ќе ја гледаме и предпремиерата! Се надевам дека татко ми ќе биде претставен верно и точно каков што беше“, рече Марија и додаде:

„Како семејство го добивме сценариото…но не учествувавме во него…практично јас не бев ни родена, па за тоа време не можев ни да зборувам. Филмот го опфаќа периодот до 1992 година, а во развојот на сценариото учествувале пријателите на тато, кои се добро упатени во сè“, вели таа, додавајќи дека Џеј многу ѝ недостасува:

„Беше многу посебен човек, мило ми е што се сними филм за него… Се надевам дека целото семејство ќе биде задоволно, како и тој кој нè гледа од рајот. Не испитував многу за животот на татко ми… Знам дека имал тешко детство, дека бил во дом, дека ја запознал Марина кога отишол да ѝ продаде јакна, дека не сакал да се занимава со пеење. … сето тоа некаде било предодредено, тој да живее таков живот, и да умре како легенда“, рече Марија и додаде:

„Тој беше голем борец, никогаш не се жалеше…Поради него научив како да одам низ животот. Секогаш беше радосен, никогаш не покажуваше дека му е тешко, дека му е лошо или дека нешто му пречи. Секој ден ми недостига, секоја недела, години…еве сега уште малку се навршуваат три години како не е со нас, но чувството и понатаму е како да е тука. Тој како и ден денес да е со нас, рече Марија и го прокоментира можното продолжение на филмот:

„Ако дојде до продолжение на филмот, не знам која глумица би ме глумела мене. Но мислам дека барем за сега нема да има продолжение. Ако до тоа дојде, би се глумела јас самата себе..Но со тоа не бис е шегувала зашто сепак не сум ни глумица – заклучи Марија за Пинк.рс.

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....