23:34 - 6 ноември, 2026

Кејт Мидлтон нема да се врати во јавноста до крајот на летото: „Живеј го животот“

Кејт Мидлтон повеќе нема да се појавува на јавни настани до крајот на летото по нејзиното појавување на Вимблдон на 14 јули 2024 година, пишува „Пипл“.

Според инсајдерот, тенискиот турнир, кој беше нејзин втор јавен настап во 2024 година, ќе ѝ биде последен за оваа сезона.

Роберт Џобсон, авторот на претстојната книга „Кетрин, принцезата од Велс: Биографија на идната кралица“, смета дека сопругата на принцот Вилијам „порано го живеела животот според строгата кралска програма“, а „сега го живее својот живот, а дури потоа следува програмата“.

„Таа ќе се врати, но кога имате такво искуство, тоа ви го менува гледиштето и редоследот на работите“, додаде експертот.

Откако Кетрин Мидлтон ја објави дијагнозата на рак во март 2024 година, таа се повлече одочите на јавноста да се фокусира на лекување и закрепнување.

Дури на 14 јуни, принцезата го прекина молкот, истакнувајќи дека има „добар напредок“, но имало „добри и лоши денови“ за време на хемотерапијата.

Следниот ден, таа присуствуваше на парадата Trooping the Color со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и нивните три деца: принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (9) и принцот Луј (6).

Кејт Мидлтон се појави во јавноста и на 14 јули на финалето на машкиот тениски шампионат со нејзината ќерка Шарлот.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....