23:22 - 6 ноември, 2026

(Фото) Жељко Бебек настапува со синот кој „растура“: Сакам да ме „прешиша“ на сцена

„Заедно сме на сцената четири години и сите што не слушаа знаат колку добро „попрашуваме“ заедно!“, вели Бебек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Željko Bebek (@zeljkobebek)

Легендарниот пејач на „Бијело дугме“, татко е на четири деца од три брака. Пред да ја запознае својата трета сопруга Ружица, која е триесет и четири години помлада од него, веќе имаше две ќерки од минатите бракови, Бјанка и Силвија.

Синот на Жељко Бебек, Звонимир, е роден во 2003 година, а ќерката Катарина две години подоцна.

Љубовта кон музиката Звонимир ја наследил од својот татко со кој често настапува. Како гитарист го придружува на сите настапи, но често се случува да пее и придружни вокали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Željko Bebek (@zeljkobebek)

На сцената настапуваат заедно во последниве четири години.

Звонимир студира Рок академија и пијано, а во 2021 година со татко му сними песна наречена „Какав отац, такав син“ која ги освои срцата на публиката уште при првото слушање.

– Како и секој татко, така и јас би сакал Звоне да ме „прешиша“ во секоја смисла. Она што засега можам да го кажам е дека на сцената е баш како што треба да биде- изјави Жељко.

Инаку, Бебек има 79 години и моментно  на регионална турнеја со бендот по повод прославата 50 години кариера.

Вчера, на 18 јули, Бебек настапи во Антички театар во Охрид и ја крена на нозе публиката со своите безвремени хитови.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....