12:24 - 2 април, 2026

Кејт Мидлтон на второ место, дали кралот Чарлс е на прво, или на дното? Нов рејтинг на најпопуларните членови на кралското семејство

Компанијата YouGov спроведе истражување и објави нова листа на најпопуларни членови на кралското семејство според јавноста.

На списокот се наоѓаат имињата на 21 членови на кралското семејстви. Тие се подредени по популарност: најомилениот член е на врвот на листата, а најмалку саканиот е на дното.

Иако повеќе не е жива, покојната кралица Елизабета сè уште е на првото место меѓу кралското семејство со рејтинг на популарност од 77 проценти. Кејт Мидлтон добива дури 73 отсто од популарноста. Така, принцезата од Велс го зазема второто место на листата, иако всушност таа е прва меѓу живите членови.

На трето место со индекс на популарност од 70 отсто е принцезата Ана, а по неа принцот Вилијам и кралот Чарлс Трети (на петто место).

77-годишната кралица Камила влезе во топ 10 и го зазеде 9-то место со рејтинг на популарност од 49%.

Меган Маркл и принцот Хари добија ниски оценки за популарност – принцот Хари е на 15. место на листата, со рејтинг од 27 отсто, додека неговата сопруга, војвотката од Сасекс, го зазеде 17. место на листата со рејтинг на популарност од само 23 отсто.

На последното место со најмала популарност е 64-годишниот принц Ендру, војвода од Јорк. Посрамениот принц, со кој беа поврзани бројни скандали во последните години, доби многу ниска популарност – 14 проценти, што го направи најнепопуларниот член на кралското семејство.

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....