13:51 - 1 април, 2026

Кејт Мидлтон го поддржува принц Хари во тешките мигови: Зборувале на телефон, на повидок помирување

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон му се јавила на својот зет, принцот Хари, за да го поддржи во тешките мигови низ кои поминува и да помогне во подобрувањето на односите со кралското семејство. Тоа го пренесува Closer Weekly, цитирајќи упатен извор до кралското семејство.

„Кејт го контактираше Хари за да му каже да ја држи главата високо и да не се грижи премногу за овие привремени неуспеси“, тврди инсајдерот.

Тој додаде дека и покрај „сета семејна конфузија“, Кејт Мидлтон и принцот Хари сега одржуваат пријателски односи.

„Односите на Хари со Кејт останаа исти. Многу му значи на Хари што таа продолжува да го поддржува, особено во очајни моменти како овие. Сега на Кејт многу ѝ е жал за него. Гледајќи го како поминува низ сите овие неуспеси ѝ е многу тешко и допира длабоко во нејзиното срце“, вели инсајдерот.

Минатата недела титулата „Неговото кралско височество“ на принцот Хари беше отстранета од официјалната веб-страница на кралското семејство на Велика Британија. Во делот „Кралско семејство“, во кој е претставен секој член на кралското семејство, имињата на принцот Хари и Меган Маркл се преместени на дното на страницата. Тоа доаѓа три години откако принцот Хари и Меган Маркл се повлекоа како работни членови на кралското семејство и се преселија од Велика Британија во САД.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....