6.9 C
Скопје
04:30 - 1 април, 2026

Кејт и Вилијам се пресреќни што Меган Маркл нема да дојде на крунисувањето на Чарлс Трети: „Им олесна“

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам „почувствувале олеснување“ кога дознале дека Меган Маркл нема да присуствува на крунисувањето на Чарлс Трети, пренесува британски „Пејџ сикс“.

Писателката Елоиз Паркер изјави за Entertainment Tonight дека принцот и принцезата од Велс ќе можат да се чувствуваат удобно во отсуство на војвотката од Сасекс, бидејќи „ќе има помалку внимание на нив“.

„Нивната врска е толку напната, а вистината е дека никогаш нема да видиме момент на вистинско пријателство меѓу Кејт и Меган. Сè се чува во тајност, но мислам дека е големо олеснување за Кејт што Меган нема да дојде на крунисувањето“, објасни кралската експертка.

Вчера Бакингемската палата потврди дека принцот Хари ќе се појави на крунисувањето на Чарлс Трети без Меган Маркл.

„Бакингемската палата со задоволство потврди дека војводата од Сасекс ќе присуствува на службата за крунисување во Вестминстерската опатија на 6-ти мај. Војвотката од Сасекс ќе остане во Калифорнија со принцот Арчи и принцезата Лилибет“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, гласините за недоразбирањата меѓу Хари и Меган стануваа погласни, а според многумина, разводот е зад аголот.

Разводот на принц Хари и Меган Маркл е „зад аголот“: Чарлс е подготвен да ѝ плати дебела отпремнина на Меган за да се тргне од животот на синот

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....