14.8 C
Скопје
21:00 - 1 октомври, 2026

ЌЕ ЈА НОСИ ВЕНЧАНИЦАТА ОД СОНИШТАТА: Познатиот хрватски дизајнер откри како ќе изгледа Хана, идната сопруга на Грашо

Петар Грашо и Хана Хуљиќ зафаќаат голем медиумски простор откако нивната љубовна врска се прошири во јавноста. А големиот апетит за деталите од нивната свадба и венчаница, може ќе биде задоволен со одговорите на Јурица Пириќ, дизајнерот на венчаницата за „Слободна Далмација“.

– Дваесет години ја работам оваа работа и никогаш не сум доживеал вакво нешто, толкав интерес, по цел ден ми се јавуваат и прашуваат каков ќе биде фустанот на Хана – се пожали Јурица Пириќ за „Слободна Далмација“, кој заедно со сопругата Марија во последните две децении стојат зад брендот „Арилео“. Низ годините облекле многу невести од светот на „шоубизнисот“, ама ваква „прашина“ никогаш околу никого не се кренала.

– Секојдневно сме во медиумите, името постојано ни излегува некаде, шокиран сум, особено што се работи за Хана, прекрасна личност.

Тој ѝ ветил на Хана дека нема да ги открива деталите никому и дека ќе ги заштити интересите на неговата клиентка, која како и секоја невеста сака венчаницата да биде изненадување.

Но, дизајнерот сепак откри нешто.

– Фустанот ќе биде ист како Хана, само во духот на нејзината личност, нема да има светки, чипка или сексапил… ќе биде едноставен фустан, нежно романтичен, чисти линии и едноставен крој.

Венчаницата ќе биде бела со материјал што дише. Ткаенината веќе ја имале во својот асортиман, во својата „архива“, како што вели Јурица, па била предложена на ист начин како што ѝ предложиле неколку креации на идната невеста.

ОТКРИЕНИ СЕ ДЕТАЛИТЕ: Петар Грашо и Хана ќе се венчаат во февруари, избрани се и кумовите

Според Јурица Пириќ, Хана лесно се одлучила за она што најмногу ѝ одговара. Венчаницата е веќе во изработка, што е логично бидејќи свадбата веќе тропа на врата.

А, за другите детали од свадбата, дизајнерот сподели малку информации.

– Стајлингот сè уште не е дефиниран, ќе го направиме деновиве. Но, можам само да кажам дека Хана стајлингот му го довери на тим со кој исто така работи со години, вели Јурица.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо
Се вчитува....