14.8 C
Скопје
12:43 - 18 октомври, 2026

Карлеуша жестоко ѝ возврати на Тијана Дапчевиќ: „Едвај знам која е, а камоли дека сме биле другарки“

Откако Тијана Дапчевиќ во интервју изјави дека „веќе не се дружи со Јелена Карлеуша бидејќи повеќе не е истата личност што ја сакала“, поп-ѕвездата бурно реагираше на социјалните мрежи.

Тијана во разговор за каналот „ФулСкринМедија“ откри дека пред многу години имале поблизок контакт, но дека денес „Јелена повеќе не е истата личност“ и дека „нема никаква емоција кон неа“.

Карлеуша, пак, не остана должна. Таа во свој препознатлив стил напиша статус на социјалните мрежи.

„Искрено, едвај знам која е оваа личност… а камоли дека сум се дружела со неа. Разбирам дека моето име се користи за да се добие наслов во медиумите, но ова веќе ја премина мерката“, напиша пејачката.


Со тоа, Карлеуша целосно ги негира тврдењата дека меѓу нив постоело пријателство.

Во интервјуто, Дапчевиќ изјави: „Таа беше некој што во одреден момент го измисли шоу-бизнисот. Можеше да биде ‘чао’, но денес веќе не може. Тоа повеќе не е Јелена што ја познавав. Многу ја сакав, но се случи доктор Џекил и мистер Хајд. Немам емоција, навистина“.

Тијана додаде дека не би имала проблем некогаш да поразговара со Карлеуша, но дека „тоа веќе не е тоа“.

Слични објави

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.
Се вчитува....