10:03 - 12 март, 2026

Канје Вест официјално се оженил со Бјанка Цензори, еден месец по разводот со Ким Кардашијан: Платиле за доверливост!

Новинарите од британското издание на Дејли Мејл дознаа дека Канје Вест и Бјанка Ценсори навистина се официјално во брак. Тие ја легализираа својата врска во Калифорнија под доверливи околности (лиценца која дополнително се плаќа), па затоа информациите за венчавката не станаа јавно достапни.

„Канје е мегаѕвезда две децении, неговата популарност продолжува да расте, а неговата прва сопруга живееше речиси цело време пред камерите. Врската на Бјанка и Канје има сосема поинаква атмосфера. Тие се грижат многу за личната приватност, приврзани се и посветени еден на друг. Мислам дека и двајцата сакаат да одвојуваат време само за себе. Поради оваа причина, тие ги чуваа во тајност деталите за нивната венчавка. Мислам дека никој освен нив двајца не знае точно како се случило сето тоа“, рече извор кој е близок пријател на двојката, објаснувајќи зошто раперот одлучил да го задржи важниот настан во тајност.

Според документите, церемонијата се одржала на 20 декември 2022 година – само еден месец откако Канје ја финализирал постапката за развод од Ким Кардашијан.

Бракот на Вест и Цензори бил регистриран од Џејмс Мејфилд. За 385 долари, Мејфилд изведува церемонии на отворено (не во Матичното) и не бара сведоци.

На почетокот на годината, новинарите почнаа да пишуваат дека раперот тајно се оженил со Бјанка Цензори. Папараците тогаш го забележале прстенот на неговиот прст. Сепак, упатените тогаш објавија дека венчавката нема правна сила.

 

Слични објави

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо
Се вчитува....