03:46 - 27 ноември, 2026

Канје Вест на шопинг со најстарата ќерка по разводот со Ким Кардашијан

Канје Вест и деветгодишната ќерка Норт отишле на шопинг во трговски центар во Лос Анџелес, пишува Дејли меил.

Контроверзниот рапер ја собрал Норт по тренингот кошарка и отишле заедно на шопинг, а со нив бил и телохранител. Таткото и ќерката биле видени како влегуваат во трговски центар во Лос Анџелес. Таму поминале извесно време и излегле со неколку торби за пазарење.

Семејното излегување се случило откако беше откриено дека Вест и Карадшијан и официјално се разведени. Процесот на развод траеше речиси две години. Според судската одлука, Вест на поранешната сопруга ќе и плаќа по 200.000 долари како алиментација. Покрај тоа, раперот мора да сноси 50% од трошоците поврзани со образованието и заштитата на четири деца.

Поранешните сопружници ги имаат ќерките Норт и Чикаго, и синовите Сент и Псалм.

Судските документи прецизираат дека двете страни мора да се консултираат една со друга кога донесуваат важни одлуки во врска со благосостојбата на нивните деца, а во случај на спор да побараат совет од психолог.

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....