12:28 - 7 ноември, 2026

Канје Вест е пред финансиски колапс: Трошоците му се поголеми од заштедата, а нови договори нема!

Канје Вест може да биде во сериозни финансиски проблеми за неколку месеци, известува Пејџ сикс..

По скандалозните лудории на Канје Вест, многу корпорации ги раскинаа договорите со него. И покрај тоа што раперот има заштеда, тој има и огромни трошоци, а наскоро би можел да биде во голема финансиска неволја доколку не најде начин да ја сврти ситуацијата, велат извори на Пејџ сикс. Се известува дека вкупно Вест имал пет извори на приход, од кои четири во моментов се целосно затворени за него.

„Во последниве години, Вест заработуваше големи пари од неговите договори со Адидас и Гап, како и од неговата музичка куќа и концерти. Адидас и Гап го прекинаа партнерството и ги прекинаа плаќањата, а концертите се откажани. Останаа хонорари, но за Канје тоа се смешни суми, бидејќи е навикнат да троши многу“, вели инсајдерот.

Само од прекинувањето на договорот со Адидас, раперот изгубил околу три четвртини од приходите.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....