-0.2 C
Скопје
00:50 - 19 јануари, 2025

КАМЕРОН ДИЈАЗ НЕ САКА ДА ГЛУМИ: Сега се чувствувам целосна и исполнета!

Камерон Дијаз ја откри нејзината одлука да се повлече од актерството: „Се чувствувам исполнета“, рече таа. 

Камерон Дијаз гостуваше во новото ток -шоу на Кевин Харт, Hart to Heart, и ја откри нејзината одлука да стави крај на актерската кариера.

Таа објасни дека кога се прави нешто на високо ниво долго време, доаѓа до заситување и дека глумицата, а не човекот Камерон Дијаз била машина. Дијаз сфатила дека нејзината кариера ги презема сите други аспекти од нејзиниот живот, па затоа одличила да се повлече.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

– Навистина мислам дека луѓето кои ги имате во вашиот живот можат да ви помогнат да ги одржувате работите во движење. И јас во мојот ѓивот имав некои одлични луѓе, а имав и некои луѓе кои не секогаш служеа за моите интереси. Но, немате време да ги сфатите овие важни работи ако само одите, одите, одите, заслепено одите напред….“, рече глумицата.

Таа решила да „крене кочница“ за да ја врати контролата врз својот живот:

„Мојата желба беше само да имам живот со кој можам да управувам сама“, објасни таа, „Мојата дневна рутина е буквално она што можам да го управувам. Тоа е најубавото чувство. Се чувствувам целосно “.

Камерон Дијаз денес: нејзината кариера и семејство

Камерон Дијаз, која ќе наполни 49 години на 30 август, започна да работи како модел уште како тинејџерка, а во 1994 година дебитираше на големото платно со The Mask – From Zero to Myth со Џим Кери. После тој филм, нејзината актерска кариера тргна во нагорна линија и од доцните 1990 -ти глумеше во многу успешни филмови како што се „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „Сите се луди за Мери“, „Ванила Скај’ и „Чарлиевите ангели“.

Со текот на годините работеше со одлични режисери како Мартин Скорсезе и Ридли Скот; од 2014 година повеќе не се појавува во филм и во 2018 година го официјализираше своето пензионирање од сцената.

Во јануари 2015 година Камерон Дијаз се омажи со музичарот Бенџи Маден; на 30 декември 2019 година, двојката го поздрави своето прво дете, Радикс Маден, родено од сурогат мајка.

Слични објави

(Фото) Северина ужива на Малдивите во фустан од 2800 евра

Еспресо

Поранешниот дечко на Цеца стана татко: „Нема поголема среќа од тоа што добив син!“

Еспресо

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova
Се вчитува....