17:25 - 6 ноември, 2026

Калиопи за синот Пако: Ја сака Македонија и сака кога му зборувам на македонски

Калиопи раскажа интересна лична приказна за својот син Пако, кого го има од бракот со композиторот Ромео Грил.

Таа со многу љубов, но и со хумор зборуваше за својот единствен син, кој живее во Швајцарија. Калиопи откри дека тој многу ја сака Македонија, сака да доаѓа тука и особено ужива кога мајка му му зборува на македонски јазик.

„Тој ја сака Македонија и сака да доаѓа тука. Сака кога му зборувам македонски, многу сака“, раскажа Калиопи.

На прашањето дали Пако го разбира македонскиот јазик, таа одговори:

„Да, разбира сѐ. Бидејќи најверојатно најмногу љубов чувствува тогаш. А кога се караме, се караме на швајцердојч“.

Калиопи раскажа и една интересна случка со синот, кога за време на нивна расправија го изненадила со своето познавање на швајцарскиот германски јазик.

Во гостувањето во поткастот „Претрес“ кај Кристијан Ландов, Калиопи објасни дека добро го владее германскиот јазик, бидејќи пет години работела како наставничка во Швајцарија.

„Јас морав да го зборувам добро хохдојч, германскиот морав да го владеам бидејќи пет години предавав во швајцарски училишта. Ама швајцердојч е поинаков, многу е поинаков од германскиот. И сега, бидејќи тој е Швајцарец, нели, и зборува швајцердојч, еднаш беше дојден тука и нешто се расправаме, се караме и тоа градира и градира. И јас, во тој момент, од нигде-никаде тргнувам на чист швајцарски германски да се карам со него. И тој ме гледа и почнува да се смее: ‘Мамо! Мамо! Па ти не си заборавила!’ ‘Како да заборавам?’, му велам, ‘нема шанси’“, раскажа Калиопи низ смеа.

Ландов се пошегува дека сигурно е послатко кога се кара на македонски, а Калиопи со својот препознатлив хумор откри како се однесува кога е зад воланот.

„Оу, ништо послатко нема! Посебно кога возам, па тогаш да ме чуеш, ќе бегаш од мене! Ќе бегаш од мене и ќе речеш: ‘Леле, оваа, оваа фината Калиопи…’ Врска нема кога пцуеш, нели?“, рече Калиопи.

Пако е син на Калиопи од нејзиниот брак со композиторот и продуцент Ромео Грил. По нивниот развод во 1996 година, Пако останал да живее во Швајцарија со татко му, додека Калиопи се вратила во Македонија и продолжила да ја гради својата музичка кариера. И покрај разделбата, Калиопи и Ромео останале блиски и продолжиле успешно да соработуваат.

Во интервју за „Слободен печат“, Калиопи зборуваше за односот на Пако кон музиката што ја создаваат таа и Ромео.

„Пако е добро. Тој секогаш го следи она што го работиме, внимателно ги слуша новите песни, а ние неговото мислење“, изјави тогаш Калиопи.

Калиопи никогаш не криела дека Пако има посебно место во нејзиниот живот. Нему му ја посвети и песната „Месечина“, а иако живеат во различни земји, нивната блискост и љубов остануваат силни.

Калиопи на 17 октомври ќе одржи голем концерт во Скопје.

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....