12:40 - 5 декември, 2025

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ „СИНИОТ ПОНЕДЕЛНИК“: Денес е најдепресивен ден во годината според Клиф Арнал

Третиот понеделник во јануари е прогласен за најдепресивен ден во годината, а го нарекуваат и „Синиот понеделник“ (Blue Monday). Според експертите, на денешен ден почнуваат да се чувствуваат последиците од долгата зима, банкарските сметки се празни поради сите трошоци околу празниците, а исплатата на платите се уште не е на повидок.

Првиот „најдепресивен ден во годината“ бил 24 јануари 2005 година, а иницијатор бил психологот Клиф Арнал од Универзитетот во Кардиф, кој математички пресметал зошто овој ден е најдепресивен, но потоа се појавиле обвинувања дека резултатите објавени во медиумите се всушност платен ПР, а дека целата приказна за Blue Monday е само маркетиншки трик Универзитетот подоцна целосно се оградил од Арнал, но многу колеги од оваа професија велат дека неговата теорија има смисла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Xander (@jdxvenema)


Декември е месец полн со дружење, прослави, убави моменти со целото семејство, подароци, вкусна храна, а многумина се одлучуваат за разни патувања и одмори. Покрај тоа, следува и новогодишна ноќ за која многумина издвојуваат голема сума на пари. Иако сето претставува радот и задоволство декември,  еден месец подоцна се чувствуваат последиците – сметките се празни, некои се задолжуваат, предавањата на факултетите повторно почнуваат и се ближат роковите за испити, а од друга страна вработени ги чекаат насобрани работни задачи.

Друга работа која многумина ги прави депресивни во јануари се новогодишните одлуки. Можеби ги донесоа на 1 јануари и ги запишаа на хартија, но до ден денес сè уште не почнале да ги практикуваат, а доколку  почнале, веќе се откажале.

Пред неколку години Арнал беше за „The Independent“ изјавил дека неговите намери никогаш не биле да го направи овој понеделник негативен, туку да ги инспирира луѓето да се движат и да донесат некои големи животни одлуки.


Иако на прва изгледа комплицирано и сериозно, формулата на Арнал за „Синиот понеделник“ нема научна основа.

Според „Си-Ен-Ен“, доколку се разгледа формулата [W + (Dd)] xTQ / MxNA ќе сфатиме дека истата покажува дека вклучените променливи се субјективни и очигледно ненаучни.

„W“, на пример, го означува времето. „D“ е долгот, а „d“ е месечната плата, додека „T“ е времето поминато од Божик, а „Q“ пак, е времето откако сте се откажале од новогодишните одлуки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ACQR | Acquire Art (@acqr.art)


Ниту еден вклучен фактор не може да се мери или спореди со истите единици. Формулата не може да биде соодветно проценета или потврдена. На пример, не постои начин да се измери просечниот број на денови откако луѓето се откажале од своите новогодишни одлуки. И времето во јануари варира од држава во држава, или ако сакате, од континент до континент.

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....