22.8 C
Скопје
07:39 - 22 август, 2026

Како да ги препознаете пасивно-агресивните личности и како да им помогнете?

Пасивната агресија е одбранбен механизам кој доведува до индиректно манифестирање на агресијата кон другите преку пасивност или неделување, саботажа…

Основниот начин на кој функционираат овие луѓе вклучува создавање позитивна атмосфера околу одреден проблем („можеш да се потпреш на мене, јас утре тоа ќе го завршам), а кога ќе дојде време за резултати, тие ги саботираат (не ја завршуваат задачата). Преку неделувањето, пасивно-агресивните луѓе манифестираат тврдоглавност и ви пружаат отпор. Тие не се способни да ви кажат отворено и в лице дека не се согласуваат со вашето мислење, дека не можат да ја исполнат наредбата (или она што сте ги замолиле) или дека барате премногу од нив. Ќе ви се насмевнат љубезно, ќе остават впечаток дека ќе ја исполнат својата задача, а всушност, нема да мрднат со прст затоа што тоа не е во нивен интерес.

Кога другите се пасивно-агресивни кон вас?

– Секогаш се согласуваат со вашето мислење, дури и кога сте тесногради.
– Никогаш не ви противречат.
– Ве критикуваат, саркастични се и ве „спуштаат“ секогаш кога ќе имаат шанса, сето тоа под изговор на шега.
– Никогаш не се соочуваат со своите негативни чувства.
– Избегнуваат конфликти и кавги.
– Секогаш се однесуваат ведро и весело пред вас, но другите велат дека се негативни и чудни зад вашиот грб.
– Тие секогаш го прават спротивното од она што рекле дека ќе го направат.
– Се повлекуваат секогаш кога ќе се соочите со некој проблем.
– Велат дека можете да се потпрете на нив, но не го спроведуваат тоа во дело.
– Ви завидуваат за успехот и ја намалуваат, деградираат вашата важност.
– Ве уверуваат дека всушност не постојат проблеми, дека вие ја преувеличувате ситуацијата.

Како да ѝ помогнете на пасивно-агресивна личност?

Кога сакате да ја разоткриете пасивно-агресивната личност и да ѝ укажете на нелогичноста на низа нејзини постапки, вооружете се со многу примери за да ги доловите нејзините постапки. Ако таа личност е подготвена да признае дека гневот поради нешто е потиснат зад сето тоа, тогаш треба да ја охрабрите на понатамошен разговор: нека се отвори пред вас и искрено да признае што ја повредило или налутило, поради што се чувствува безбедно. Не смеете да викате во овој момент, туку мора да останете смирени. Само вашето разбирање ќе го отвори патот до „признавањето“.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....