7.8 C
Скопје
22:52 - 31 март, 2026

КАЈЛИ ЏЕНЕР отворено за постпородилните проблеми: „Ми беше тешко и физички и психички“

Кајли Џенер во последно време е малку отсутна од социјалните мрежи. Инфлуенсерката стана мајка по втор пат: таа и нејзиниот партнер Тревис Скот го пречекаа Волф Вебстер, малиот брат на Сторми (првородената, пред 4 години).

Овие не беа лесни недели за претприемачката, дури и ако дури сега најде храброст да зборува за вториот постпородилен период, многу поразличен од претходниот. Но одлучи да зборува пред се за да им стане блиска на другите мајки кои се во слична ситуација, кои можеби „скролувајќи“ низ социјалните мрежи го чувствуваат притисокот дека мора веднаш да се вратат во форма, веднаш да се вратат во нормален живот.

„Не беше лесно и за мене. Беше тешко и сакав тоа да го кажам “, вели Кајли.

Кајли Џенер призна дека по породувањето не ѝ било лесно „ментално, физички и духовно“. Таа им го раскажа своето искуство на преку 300 милиони следбеници што ги има на Инстаграм, многу повеќе од другите нејзини сестри: дури ја надмина Ким Кардашијан. Таа ѝ признал на Инстаграм-заедницата дека ѝ било тешко по раѓањето на второто дете. Волф Вебстер е роден на 2 февруари: поминаа шест недели и дури сега претприемачката ги презема животните и професионални обврски во свои раце.

Досега морала да се справи со своевиден физички и психички колапс за кој не била подготвена, што исто така ја оддалечило од социјалните мрежи и од работата:

„Ова искуство за мене, лично, беше малку потешко отколку со мојата ќерка“, рече таа.

Сега таа е подобра, ги обновува здравјето и силата и може полека да почне да се фокусира на нови проекти. Полека се враќа на социјалните мрежи и е подготвена за новата емисија заедно со Кардашијан, а емисијата стартува на 14 април.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....