23:45 - 30 јануари, 2026

КАФЕТО ЧИНИ САМО 40 ДЕНАРИ: Кој е најевтиниот град во Европа?

Тирана ретко кога се наоѓа на врвот на списокот на желби на светските патници. Сепак, новото истражување покажува дека главниот град на Албанија на гостите од Обединетото Кралство им дава најмногу за нивните пари.

„Пост офис травел мани“ (Post Office Travel Money) ги спореди типичните трошоци за викенд-патување во 40 различни градови во Европа, што вклучува две ноќевања во хотел со три sвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, туристичко разгледување и слични активности.

Барометарот за трошоци на градовите (City Cost Barometer) покажал дека во Тирана ќе потрошите најмалку од сите анализирани градови – во просек по 9.000 денари. За кафе тука треба да издвоите само 40 денари, а за две ноќевања само 4.000 денари.

На второ место на скалата за најповолни европски градови се нашле Катовице на југот на Полска, а на третото место е главниот град на Литванија – Вилнус.

Во топ – 10 најповолни градови за викенд – одмор се најде и главниот град на Хрватска – и тоа на седмото место. „Пост офис травел мани“ пресметал дека за викенд ви требаат 14.500 денари во Загреб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antigua Caffè (@antigua_caffe)

Осло и оваа година се покажа како најскап град во Европа за викенд-забава, бидејќи во него ви требаат 30.000 денари за викенд. Пивото во главниот град на Норвешка во просек ќе го плаќате 500 денари, а две ноќевања во хотел со три ѕвезди ќе ве чини 11.000 денари.

Најповолни  европски градови во 2021 година според Барометарот за трошоци на градовите:

  1. Тирана, Албанија
  2. Катовице, Полска
  3. Вилнус, Литванија
  4. Лисабон, Португалија
  5. Рига, Латвија
  6. Варшава, Полска
  7. Загреб, Хрватска
  8. Будимпешта, Унгарија
  9. Братислава, Словачка
  10. Краков, Полска

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....