8.8 C
Скопје
11:05 - 1 април, 2026

Каде вечерва: На концерт на Alex Zhang Hungtai во МКЦ

МКЦ Скопје во соработка со Swamp Booking ја најави турнејата на извонредниот тајванско-канадски композитор Alex Zhang Hungtai. Вечерва, со почеток од 21 часот настапува во денсинг салата во МКЦ.

По пензионирањето на неговиот проект Dirty Beaches, тој се фокусира на истражување во музиката посебно во полето на фри џезот, импровизациите и филмската музика. Во неговите понови композиции претежно доминира саксофонот, сајзерите, перкусиите и пијаното, унпаредувајќи се себе си од регуларен музичар во оној кој експериментира во ритуалнната музика на линималност. Во последниве години во листата на неговите настапи се вбројува и улогата во култната ТВ-серија „Твин пикс“ како и појавувањето на Канскиот филмски фестивал, каде беше претставена неговата партитура за филмот „Godland“.

Локалната поддршка е нашиот Amplidyne Effect – аудио проект на Мартин Георгиевски од 2009 година. Проектот завзема форма со импровизациски сесии во живо, во спектар на електронска, амбиентална и експериментална музика.

На настапот ќе биде придружен од Владимир Мартиновски и Соња Димитриоска.​

Билетите по цена од 350 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

 

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....