6.8 C
Скопје
03:09 - 21 октомври, 2026

Денес почнува голем осмомартовски базар „За сите посебни дами во вашиот живот“: Ќе трае пет дена

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 4-ти до 8-ми март, Скопје Сити Мол организира голем осмомартовски базар „За сите посебни дами во вашиот живот“.

Билјана Тодороска – BRILLO, Јulie Decoupage, Esoapery, ЕКО восочна обвивка, Елена Ристовска, Small piece of joy, Filigree LARGO, Glow Natural, Котев Ксенија, LaSoy, Маја Донева, Марта Пејоска, Coral Jewelry, Morpho, Unique Corner, Карло Хорват, Шарено Ќоше, М&М LUXURY SOAP BOUQUET, Блумен и Арт 2005 и Equilibrium fine arts… се дваесетина „артизанс“, индивидуалци – уметници, кои ќе ги претстават своите најнови уникатни колекции на рачно изработени производи, кои внесуваат колорит и радост во одбележувањето на Денот на жената.

Креативци, со еклектичен накит, уметници, кои не се плашат да експериментираат, храбро концепираат, конструираат и компонираат иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника, од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ, модерен и елегантен. Преку филигранската техника, авторките ги раскажуваат своите приказни, на еден модерен и концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие. На овој уникатен базар, некои од уметниците ќе се претстават и со чанти и аксесоари изработени од кожа, трикотажен кабел, макраме конец, специфични видови на свила и со еколошки восочни обвивки од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба, како и природни и вегански козметички производи за нега и убавина на целото тело.

Во рамки на базар сo најнови производи за здрава и сјајна коса и нега на телото ќе се претстават и светски познатите брендови: Philips personal care & Нептун, Хај Стор со брендот Dyson, SolisSilver, Keyra Cosmetics – Шпанија и Natura Therapy.

Петдневниот базар ќе се случува на приземјето од Скопје Сити Мол.

Слични објави

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо
Се вчитува....