10:04 - 12 март, 2026

Јована Јеремиќ со остар совет за мажите: „Или ѝ плаќаш, или не ја викаш“

Водителката Јована Јеремиќ често со своите изјави и однесување го привлекува вниманието на јавноста кон себе, а неодамна со еден потег повторно успеа да ја разбранува јавноста.

Јована гостуваше во емисија во која зборуваше за машко-женските односи, па водителката уште еднаш ја искористи приликата да го каже своето мислење на оваа тема.

„Во мојата љубовна биографија и љубовен живот сум имала мажи кои изгледаат феноменално, физички, но освен тоа немаат што да понудат! О, што прават. Се сликаат, објавуваат на Инстаграм, мускули, со пет девојки, а кога ќе ги прашаш што направиле за тие девојки – ништо!

Ништо не ѝ подготвиле на таа девојка, ништо не ѝ направиле, ниту пак ја однеле на пат, а кога ја однеле на пат, побарале од девојката да плати половина од патувањето! Извини, ако немаш на девојката да ѝ го платиш патувањето… Запомнете мажи – не ја викајте на патување! – со повишен тон заврши Јована.

„Или го плаќаш патувањето, или не ја повикувај на патување“ – нагласи водителката во емисијата Магазин ин.

 

Слични објави

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо
Се вчитува....