13:52 - 12 ноември, 2026

Вики Миљковиќ има полни раце бизниси: Распродала цела зграда во „Белград на вода“ за 45 секунди

Пејачката Вики Миљковиќ разви бизнис со недвижнини и, како што самата рече за српските медиуми, ѝ оди неверојатно добро, па за 45 секунди распродаде цела зграда во луксузна населба  Белград на Вода.

– Белград на вода стана центар на случувањата на Балканот. Не само овде, туку воопшто. Таква населба во регионот нема, само во Турција. Купуваат и Турците, Кинезите, Русите, Украинците, нашата дијаспора. Белград на вода се распродава за 45 секунди. Распродадовме една зграда за 45 секунди – изјави пејачката за Светски радио.

На новинарско прашање колку ѝ е тешко да се занимава со основната работа, пеењето, но и недвижностите, Вики откри дека има уште еден бизнис.

– Имам и трета работа. Имаме компанија во Истанбул, која произведува мебел за хотели и ресторани, а тоа ми одзема многу време, бидејќи за тоа сум во Истанбул барем 10 дена во месецот, но уживам во сето тоа и не ми е тешко – рече Миљковиќ.

Слични објави

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova
Се вчитува....