7.8 C
Скопје
19:56 - 30 март, 2026

Јована Јеремиќ јасна: Водителката бара едно нешто за 8 Март

Јована Јеремиќ сака само скапи подароци и тоа секогаш го истакнува.

Водителката Јована Јеремиќ јавно и без двоумење ги кажува своите ставови, а на социјалните мрежи не се двоуми да открие детали ни од приватниот живот.

Фотографиите со нејзиниот емотивен партнер, бизнисменот Драган Станковиќ привлекуваат најмногу внимание во јавноста, а водителката често покажува колку е среќна во љубовта со него.

Јеремиќ, која во неколку наврати има изјавено дека сака скапи подароци, ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи со својот став околу подарувањето цвеќе за претстојниот празник на жената, 8 Март.

– Што се однесува до мене, ни случајно не ми купувајте цвеќе за 8 Март. Со оглед на тоа дека секогаш знам што сакам и дека сум практична и директна жена, веднаш треба да знаете дека нема да има грешка. Не сакам цвеќе и носење цвеќе беше забрането на мојот роденден и ќе биде доживотно – напиша Јована Јеремиќ на својот Инстаграм профил.

Да потсетиме, водителката за Нова година од своето момче доби скапа чанта од луксузната модна марка „Долче и Габана“ чија цена е 2 500 евра.

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....