11:50 - 2 август, 2026

Јелена Карлеуша се смири со Душко, па шокираше: Имам чувство дека сонувам, ќе биде како бајка

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Српската пејачка Јелена Карлеуша се вратила во Белград по настапот во Црна Гора, а на аеродромот се појавила во впечатлив мрежест фустан преку костимот за капење, па отворено зборувала за успехот на нејзините нови песни, рекордната поддршка од публиката и колегите, нејзините планови за продолжување на кариерата, но и за големата прослава што ја подготвува за полнолетството на ќерките Атина и 17-тиот роденден на Ника.

Карлеуша не ги криела емоциите, па признала дека зад себе имала тежок период, но дека денес, благодарение на публиката, повторно го живее својот музички сон.

– На мене има само сол, и тоа во буквална смисла. Убаво е, лето е… мое време. Убаво е чувството. Јас сакам да работам, сакам да пеам. Ова е време на Лавовите – јули и август. Време за костими за капење, дури и на аеродром.

– Сезоната е добра и новите песни поминаа одлично. Вистина е дека има гужви на влезот. Многу сум благодарна и среќна. Благодарам на публиката, бидејќи повторно живеам еден музички сон што ми се оствари – моите песни и по 30 години да бидат на врвот на трендингот. Велат дека моите звуци на Тикток ги собориле сите рекорди. Никогаш во мојата кариера, за 31 година, не сум имала ваква поддршка од моите колеги. Им благодарам на колегите, ќе се реванширам. Изберете ме за некоја претставничка на синдикатот и ќе се борам за правата на пејачите, бидејќи нашата бранша е навистина омаловажена и ставена во втор план во споредба со другите сфери на забавата – спорт, глума… рекла таа.

– Се чувствувам како да сонувам кога ја гледам поддршката од моите колеги и ми доаѓа да заплачам. Многу тежок период е зад мене и кога го гледам сето ова, едноставно сум длабоко благодарна и сакам да го изразам сето тоа на еден скромен начин. Кога беше тешко, бев силна, а сега, кога е толку убаво, не сакам да бидам горда и арогантна, бидејќи животот ме научи дека работите одат и нагоре и надолу. Ви благодарам, буквално ми ставија шавови на срцето.

– Се исплашив како луѓето ќе реагираат по „Сад је све ОК“, како ќе ги прифатат другите две песни. Носев некоја негативна енергија, мислев дека сè ќе тргне наопаку… Имам исто чувство и за понатаму. Ќе дадам сè од себе со спотовите и со квалитетот на песните да бидам во чекор со трендот и она што го нарекуваат „новата стара JK“. Една од песните е нешто што не го очекувате, и морам да кажам дека до самото објавување на последните три песни, ги менував аранжманите, ги менував текстовите, го менував секој такт и сè што имам сега од песните не гарантирам дека нема да се промени уште десет пати.

Зборувајќи за прославата на родендените на своите ќерки Атина и Ника, Јелена открила:

– Тоа ќе биде во еден хотел, сакам тоа убаво да го прославиме. Ќе биде бајковито. Тоа е 18-ти роденден на Атина и 17-ти роденден на Ника. Убава работа е што во таа приказна се и мама и тато. Тоа тече прекрасно. Негово е само да плати, бидејќи мама е во долгови поради новите музички видеа. Мама организира сè друго. Ќе има многу мои колеги, сите рекоа дека ќе дојдат. Мислам дека Душко избра еден одличен бенд.

 

Слични објави

На секој час станете и прошетајте: Оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.

(Фото) Проѕирен комбинезон и долна облека во боја на кожа: Провокативното издание на Николина Пишек, реагираше и нејзината колешка

Еспресо

Хороскоп за 2 август: Стрелците ќе добијат на игри на среќа, Раковите ќе запознаат интересна личност

Еспресо

„Маки беа тоа…“: Соседите открија со кого живее Гаги Ѓогани и како му минуваат деновите

Еспресо

Реља Поповиќ првпат отворено за татковството: „Со Николија потекнуваме од дисфункционални семејства, не смеам да потфрлам како татко“

Еспресо

Аѓелка Прпиќ објави неочекувано видео од летувањето, многу жени веднаш се препознаа

Е.А.
Се вчитува....