11.8 C
Скопје
10:38 - 13 октомври, 2026

Јелена Карлеуша откри како живее ќерка ѝ во Милано: „Нема да го лажеме народот, од каде ни се тие пари?“

Српската пејачка Јелена Карлеуша отворено проговори за животот на својата постара ќерка Атина Тошиќ, која на почетокот на октомври се преселила во Милано, каде што ќе студира.

Иако во јавноста се шпекулираше дека семејството ѝ обезбедило луксузен имот во италијанскиот град, пејачката откри дека одлучиле за попрактично решение. Атина живее во изнајмен стан, ги дели трошоците со цимерка и на факултет оди со велосипед.

Заминувањето на Атина на студии во Италија привлече големо внимание, особено откако беше објавено дека нејзината мајка отпатувала со неа за да ѝ помогне околу преселбата и пронаоѓањето соодветно сместување.

Во гостување во поткастот „Естраден лексикон“ (Estradni leksikon), Карлеуша објасни дека не станува збор за купен стан, туку за изнајмен простор во кој нејзината ќерка живее со цимерка.

„Таа има цимерка со која ги дели трошоците за станот. Ние го изнајмивме станот, не го купивме. Нема да го лажеме народот, од каде ни се тие пари?“, изјави пејачката.

Таа повторно нагласи дека Атина дели стан со друга студентка и дека трошоците ги распределуваат меѓу себе.

Во медиумите се појавија информации дека семејството издвоило дури 90.000 евра за образованието на Атина. Сепак, оваа сума не е официјално потврдена.

Познато е дека нејзиниот татко, поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, секогаш се трудел да им овозможи добри услови на своите ќерки. Претходно се пишуваше и дека за прославите на нивните родендени издвојувал околу 50.000 евра.

И покрај шпекулациите за високите трошоци за студирање, Карлеуша нагласи дека нејзината ќерка води скромен студентски живот.

„Скромно, оди со велосипед и така“, раскажа пејачката.

Карлеуша неодамна зборуваше и за тоа колку тешко ѝ паѓа одвојувањето од Атина, која сега живее далеку од семејството. Таа призна дека особено е загрижена за нејзината безбедност.

„Многу се плашам! Мислам дека ситуацијата во Европа излезе од контрола. Тоа што веќе немаме јасни разлики, ниту во полот, ниту во расата… ниту во каква било определба, па можеш да бидеш и мачка и куче ако сакаш, тоа не ми се допаѓа. Тој екстремен либерализам, кој ја претвори Европа и Америка во небезбеден хаос за сите, особено за младите, воопшто не ми се допаѓа“, изјави таа.

Покрај грижите за нејзината безбедност, пејачката зборуваше и за интересите и талентите на својата ќерка.

Според неа, Атина веќе покажува голем интерес за модата и почнала да ги коментира модните комбинации. Карлеуша смета дека престојот во Милано, град познат по модата, дополнително ќе ѝ помогне да го развие својот вкус и да ги открие сопствените интереси.

„Атина веќе има голем талент за мода, почна да ги коментира модните комбинации. Има многу добар вкус и мислам дека сето тоа дури сега ќе дојде до израз во Милано. Таа е сосема поинаква од мене, одмерена, со стил, и зошто да не, малку и мама да се угледа на неа“, рече Карлеуша.

Слични објави

Колку јајца смееме да јадеме дневно и неделно? Еве што велат најновите истражувања за холестеролот

К.С.

(Фото) Тамара Тодевска и Лука Радовиќ за првпат во улога на кумови — во елегантни изданија блеснаа на свадбена прослава

К.С.

Четири хороскопски знаци ги очекуваат големи промени до крајот на октомври — нови можности во љубовта, работата и финансиите

К.С.

(Фото) Ханка Палдум ги изненади следбениците со новиот изглед: Изгледа многу помладо

Еспресо

(Видео) Мајмун ѝ го украде појадокот на Јована Пајиќ на Бали: Снимката ги насмеа сите

apostolova

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Еспресо
Се вчитува....