18:59 - 4 ноември, 2026

Јелена Карлеуша итно го прекина концертот! Се изгубило седумгодишно девојче, упати апел до публиката

Во текот на настапот на поп ѕвездата Јелена Карлеуша во Блаце, настапот беше прекинат кога пејачката доби информација дека седумгодишно девојче се изгубило во големата толпа.

Карлеуша веднаш ја запрела музиката и се обратила до публиката, замолувајќи ги сите присутни да обрнат внимание и да помогнат во потрагата по девојчето кое ја барало мајката.

– Само момент, имаме една важна информација. Во оваа ограмна маса се изгубило едно девојче. Има 7 години, ја бара својата мајка, ако некој ја види, нека јави, огромна гужва е – рекла Јелена.

Публиката веднаш реагирала, а набрзо пристигнала и добрата вест – девојчето е пронајдено.

Штом дознала дека сè е во ред, Карлеуша го продолжила концертот и повторно ја кренала атмосферата на вжештување. Публиката продолжила да пее, танцува и да ужива во нејзиниот настап.

Во рамките на манифестацијата „Денови на сливи“, Јелена Карлеуша синоќа одржала концерт во Блаце пред огромен број посетители.

По пристигнувањето во градот, пејачката се појавила на местото на одржување на концертот, каде што ѝ бил приреден посебен дочек, а во таа пригода ѝ бил врачен и голем букет цвеќе.

Кога излегла на сцената, публиката ја поздравила со громогласни овации, а потоа Карлеуша ги отпеала своите стари и нови хитови. Нејзините песни публиката ги пеела наглас со неа.

За настапот, таа избрала тесен црн комбинезон, кој го комбинирала со високи потпетици и црни очила за сонце. Својата долга руса коса, по која е препознатлива со години, ја пуштила преку рамената.

 

Слични објави

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо
Се вчитува....