17:41 - 4 ноември, 2026

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ покажа досега невидени фотографии од бременоста и породилното одделение! Една глетка со Гудељ ги воодушеви сите

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, неодамна стана мајка на момче на кое таа и нејзиниот сопруг Немања Гудељ му го дадоа Илијан, а сега на социјалната мрежа Инстаграм сподели серија емотивни фотографии направени во текот на бременоста и престојот во болница.

На објавените фотографии Анастасија ги покажала моментите кога ѝ ги проверувале отчукувањата на срцето на бебето, но и самиот почеток на породувањето, кога седела на топка за јога и чекала контракциите да станат поинтензивни.

 


Посебно внимание привлече и фотографијата сосопругот Немања Гудељ, кој цело време бил покрај Анастасија и ја поддржувал. За да ѝ го олесни породувањето и да ѝ помогне да се опушти, фудбалерот ѝ пуштал духовна плејлиста.

По породувањето, Анастасија ја споделила првата заедничка фотографија со синоѕ Илијан, направена пред породилната сала, а со емотивните сцени разнежи многу следбеници.

Трогателната објава ја заокружила со снимка од Немања како го носи малиот Илијан до автомобилот кога ја напуштиле болницата, по што семејството се упатило кон дома.

Анастасија Ражнатовиќ се породи на 15 јули во приватна болница во Севиља, Шпанија, а породувањето поминало добро. Членовите на семејството Гудељ биле во болницата за да бидат со Анастасија.

 

Слични објави

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо
Се вчитува....