01:33 - 11 ноември, 2026

Јелена Карлеуша и Душко ја „спуштија топката“: Помирување за добро на децата

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Двојката реши да стави крај на заедничкиот живот по шеснаесет години брак. Цело време комуницираа преку адвокати, а сега решија да се договорат за доброто на децата за понатамошниот тек на животот:

– Целата слика во нивниот случај сега добива рамка. И двајцата ја испуштија топката и сфатија дека нема ништо да се добие од расправии, кавги и јавни тепачки. Со адвокатите успеаја да се договорат за распределба на имотот, но остана човечкиот фактор – меѓусебната комуникација, која не беше на завидно ниво. Не би сакал да навлегувам во детали за таа врска, но, колку што знам, повеќе нема да има јавни прозивки или напади. На пример, Јелена работи речиси цело лето во Црна Гора. Клубовите се преполни и Душко го сфати тоа, па среќно замина на одмор со децата – вели извор близок до парот и додава:

– Тие двајца во последно време навистина добро комуницираат. Не е дека се слушаат секој ден, туку се договараат за работи кои им се приоритет, а тоа се пред се нивните наследници. Токму затоа решија да нема епизоди како неодамна, јавно да се расправаат и да контактираат само преку правни застапници. Јелена во иднина дефинитивно максимално ќе ѝ се посвети на кариерата бидејќи планира да одржи регионална турнеја со големи концерти, па не и треба дополнителен стрес – заклучил извор за српските медиуми.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....