17.5 C
Скопје
02:54 - 19 јуни, 2026

Дојава за бомба на концерт на Дарко Лазиќ: Концертот го префрлил на паркинг, пеејќи од кров на автомобил

Пејачот Дарко Лазиќ е активен на црногорското приморје каде што настапува во полн ек, но летово, за разлика од претходните месеци, сопругата Катарина не го придружува на настапите.

Причината за ова е седмиот месец од бременоста на Катарина, што ѝ го отежнува патувањето, па таа остана дома да се одмора.

Лазиќ истакна дека се надева дека новороденчето ќе дојде за два месеци и нагласи дека е подобро Катарина да остане дома и да не ја малтретираат патувањата.

-Да даде Господ, новото бебе ќе пристигне за два месеци, Каќа е во седмиот месец. Секогаш ме придружуваше на настапите, сега е седми месец, едвај го поднесува патувањето и нема потреба сега да се малтретира и да патува со кола. Подобро ѝ е дома – изјави Лазиќ.

инстаграм

Дарко за геј свадбата на која пееше

Неодамна вниманието на јавноста го привлече видео на кое Дарко Лазиќ пее на свадба на две девојки. Тој истакна дека секој има свој избор во животот и дека на таа свадба поминал фантастично, што за него било прво вакво искуство.

-Тоа беа мои две пријателки кои се венчаа, јас бев гостин таму, не пеев. Секој има свој избор во животот, јас си поминав феноменално. Најубаво во животот. Првпат бев на ваква свадба и беше прекрасно – објасни тој.

Проценка на сезоната и перспектива на младите пејачи

– Никој не се забавува ова лето, како што сите сме навикнати. Сезоната е помалку посетена. Не се грижам повеќе. Сите поминуваме низ тешко време, но ќе биде подобро – вели тој и открива зошто е тоа така:

– Не можеме никого да обвиниме, промена на генерација, ново време, нова публика, така е. Колку такви млади пејачи испративме, се ќе си дојде на свое.

Спонтани перформанси на покривот на автомобилот

Неодамна вирално стана видеото од Дарко Лазиќ и Елма Синановиќ како пеат на покрив од автомобил, а Лазиќ откри дека настапот бил целосно спонтан и непланиран. Тој објасни дека тоа е реакција на заканата со бомба, поради што публиката морала да се евакуира, а тој решил да ѝ се обрати на публиката и да пее заедно со Елма час и половина.

-Тоа беше дојава за бомба, публиката мораше да се евакуира од тој простор. Ми текна откако јас и Елма седевме во кола, а публиката беше насекаде околу нас на паркингот, знаете колку сум луд, помислив да ѝ се обратам на публиката. Кога не поздравија со аплауз, не можев да не запеам, излезе Елма и заедно пеевме час и половина. После тоа се вративме и испеавме се како што треба – изјави Лазиќ за српски „Блиц“.

Слични објави

Драгана Мирковиќ проговори за 8-месечната внука: Првиот збор ѝ е „бабо“, тоа ми е најдрагата титула

E.A.

Сузана Манчиќ се прости од Лидија Маниќ: Смртта на поранешната мис Југославија ја потресе јавноста

Еспресо

(Фото) Северина во високо друштво и во високи поптетици го гледала натпреварот помеѓу Хрватска и Англија

Еспресо

„Татко ми се срамеше кога открив дека израснал во дом“ – Слаткар со лична семејна приказна

Еспресо

Шако Полумента тврди дека неговата сопруга е „света“, но ја изневерувал каде што стигнал: „Таа знае за сите мои љубовници“

Еспресо

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина бара забрана за концертот на Јелена Карлеуша во Сараево

Еспресо
Се вчитува....