10:51 - 27 ноември, 2026

Јелена Карлеуша бесна на Теодора Џехверовиќ: „Девојко, ти можеш да постоиш само три месеци на сцената!“

Пејачката Јелена Карлеуша остро ја коментираше изјавата на Теодора Џехверовиќ, која неодамна рече дека нејзиниот дует со раперот Девито, „Вуду“, е попознат од дуетот на Карлеуша со истиот артист, „Непогрешиво“.

Карлеуша истакна дека има поинакви критериуми кога станува збор за хит-песни и долгорочен успех, нагласувајќи дека не ги смета песните на Теодора за трајни на музичката сцена.

„Искрено, јас и не знаев дека таа има дует со Девито, ниту знам како се вика песната. Од која било перспектива, тоа е негов успех и негова кариера“, изјави Карлеуша, по што новинарот ѝ посочи дека Теодора рекла дека ја почитува, дека ѝ се допаѓа песната, но дека сакала да биде искрена.

Во продолжение, Карлеуша беше директна:

„Мерилото за тоа што Теодора го смета за хит и она што јас го сметам за квалитетна песна што ќе трае – е сосема различно. Луѓе како Теодора не траат повеќе од три месеци и треба да се запрашаат зошто е тоа така“, порача таа.

Пејачката нагласи дека за неа вистинскиот успех се мери со песни што опстојуваат со години, па дури и децении.

„Моите песни траат со децении. Нејзините, колку што знам, не траат. Искрено, не знам ниту една нејзина песна, но го почитувам секој труд и секоја борба. Сепак, мора да бидеме реални – кога таа зборува за мене, треба да стои мирно и да зборува со почит и уважавање“, заклучи Карлеуша.

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....