17:55 - 1 април, 2026

Јелена Ѓоковиќ откри зошто станала веган: „Веганството започна од болка“

Јелена Ѓоковиќ освен што е сопруга на најдобриот тенисер, е и синоним за здрав живот, а деклариран веган е веќе со години, држи строга диета без месо, млеко и шеќер.

Сепак, многумина не знаат дека таа се префрлила на овој тип на диета затоа што морала, а не толку затоа што сакала, а токму за тоа зборуваше во една прилика. Како што рече, се започнало во студентските денови.

– Почнав да размислувам како да преживеам три години, бидејќи немав пари да јадам во не знам какви ресторани, а не живеев ни во дом кој има кујна. Така, веганството започна од болка и од мака – рече Јелена.

Таа тогаш рече дека е прашање дали до крајот на животот ќе остане веган, но дека за сега ѝ е најважно дали добро се чувствува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

– Јас бев голем љубител на месо и се уште многу сакам месо, но не го јадам. Добро се чувствувам и тоа за мене е цел, да најдам начин како овој живот да го живеам будна, со енергија, здрава – вели Јелена додавајќи дека ѝ е важен и начинот на подготовка на храна.

– Мојата исхрана е 70 отсто сирова храна, а 30 отсто е варена. Најчесто јадам супа и безглутенски тестенини, киноа, ориз…Тешко е денес да се најде вистинска храна и да биде подготвена на здрав начин. Затоа ми е важно добро да се отганизирам околу оброците, и среќна сум што имам партнер кој е посветен на тоа да биде здрав и силен. Нашиот режим на исхрана само во малку се разликуваат – заклучи во таа пригода Јелена Ѓоковиќ во емиијата „Што сам теби и о сам себи“.

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....