-3.2 C
Скопје
02:46 - 19 февруари, 2026

Јапонија сака граѓаните да пијат повеќе алкохол и објави конкурс и натрпевар за да ги охрабри

Пандемијата и изолациите го сменија начинот на живот на Јапонците: нивната потрошувачка на алкохол драстично се намали од 2020 година, со значително влијание врз даночните приходи.

Јапонците пијат сè помалку: потрошувачката на алкохол се намали од просечните 100 литри по лице годишно во 1995 година на 75 литри во 2020 година. Намалување на продажбата што има силно влијание врз даночните приходи на Јапонија: еве зошто владата започна национален натпревар за собирање нови и ефективни идеи за да ги поттикне луѓето да се вратат на пиење повеќе алкохол.

“Sake Viva!” е управувана од Националната агенција за приходи и бара од младите на возраст од 20 до 39 години да поднесат предлози за да помогнат во ревитализацијата на популарноста на алкохолните пијалоци, сè помалку популарни со промената на животниот стил за време на пандемијата и изолацијата, особено меѓу момчињата.

Конкурсот трае до 9 септември и има за цел да имплементира „нови производи и дизајни“, како и начини за промовирање на домашни пијалаци. Финалистите ќе бидат поканети на свеченото доделување на гала наградите во Токио на 10 ноември. Националната агенција за приходи изјави дека ќе ја поддржи комерцијализацијата на идеите на победникот.

Во 2020 година, даноците за алкохол сочинуваа 1,7% од даночните приходи на Јапонија. Една деценија претходно, во 2011 година, тие сочинуваа 3%, а во 1980 година дури 5%. Во 2020 година забележан е најголем пад на приходите од данок на алкохол во последните 31 година, според Japan Times.

Падот на потрошувачката беше особено значаен за пивото: продажбата падна за 20%. Според пиварницата Кирин, која произведува Кирин лагер и Ичибан Шибори, потрошувачката на пиво по глава на жител во Јапонија била околу 55 шишиња во 2020 година, што е пад од 9,1 отсто во однос на претходната година.

Јапонското Министерство за здравство прецизираше дека би било добро, сепак, кампањата да охрабри пиење само на „соодветна количина“ на алкохол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WION (@wionews)

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....