13:13 - 9 ноември, 2026

Изабелa Аџани осудена за перење пари и даночно затајување: Доби двегодишна условна казна

Глумицата Изабела Аџани е осудена на две години условна, пишува Variety.

Изабела Аџани (68) е прогласена за виновна за даночно затајување и перење пари, пишува Variety. Таа одлука ја донесе судот во Париз. Покрај условната казна од две години, судијата на актерката ѝ изрекол и парична казна од 250.000 евра, пренесува Index.hr.

Аџани беше осудена за лажно пријавување на нејзиното основно живеалиште во Португалија во 2016 и 2017 година за да избегне да плати 236.000 евра данок на Франција.

Таа беше осудена и за прикривање „донација од два милиони евра од Мамаду Диагне Ндијаи, под маската на заем, што и овозможи да избегне 1,2 милиони евра данок на трансфери“.

Исто така, незаконски префрлила 120.000 евра од странска сметка на друга непријавена сметка во САД. Овие пари подоцна биле префрлени на нејзината сметка во Португалија.

Аџани, која беше номинирана за Оскар, ги отфрли тврдењата и најави жалба, потврди нејзиниот адвокат Оливие Пардо за Variety.

„Згрозени сме од оваа пресуда“, рече Пардо. „Изабела Аџани не можеше да присуствува на судењето и побаравме да се одложи за да биде таму и да биде сослушана, но тие не дозволија. Тие немилосрдно ја гонат“.

Истрагата за даночна измама беше покрената во 2016 година, откако нејзиното име се појави во Панамските документи.

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....