6.8 C
Скопје
07:22 - 21 февруари, 2026

ИВОНА ЈО НА КРАТЕЊЕ НА ЖЕЛУДНИКОТ ВО ТУРЦИЈА: На пат кон здрава верзија на себеси

Нашата пејачка и јутјуберка Ивона Ивановиќ од Куманово која на социјалните мрежи е позната како Ивона Јо е една од жените која се соочува со табуата кои „демнат“ низ нашата земја и светот.

Ивона мотивира и инспирира на социјалните мрежи, отворено зборува лични искуства, за различностите и менливоста на женското тело воопшто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Со својата последна објава на социјалната мрежа „Инстаграм“, таа сподели неколку фотографии информирајќи ги своите пријатели и обожаватели дека се решила за нов чекор во нејзиниот живот.

„Шифрата на Wi-Fi мрежата во болницата започнуваше со 3,2,1 – баш како одбројување за добар старт. Дечки, успеав. На 26 август направив „bariatric surgery“ или зафат на кратење на желудник во Турција“, ја започнува својата објава Ивона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Таа им се заболагодари на нејзините родители за нивната безрезервна љубов и поддршка за нејзината одлука.

„Благодарноста е таа која овој период ме дефинираше како прав зрел човек. Во моменти на најголемата болка која сум ја искусила во мојот живот, јас велев дека можам и дека ќе успеам. И успеав. Се разбудив жива и здрава од операцијата и во овој момент сум на пат кон здрава верзија на Ивона. За самата процедура нема да зборам сега. Ќе се задржам на емотивниот момент и одлуката“, продолжува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Како што пишува во својата објава, таа уште е гласен поборник за прифаќањето на самите себе и љубовта кон себе.

„Без прифаќање на реалната ситуација и согледување на своите чувства немаше никогаш да прифатам овакво нешто. Прифати за да можеш да промениш е мотото кое ми одзвонуваше во главата секојдневно. Прифати за да можеш да промениш. И последните недела дена пред операција (моментот бикини на плажа) беа тие денови кога живеев слободно. Ја почувствував слободата на сопственото тело. Одлучив овој процес да оди јавно без цензура. Се што ќе се случува со мене ќе го проаѓаме заедно“, напиша Ивона.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....